И по неуспехот на постапката за импичмент на Доналд Трамп во Сенатот, Демократите не се откажуваат, екс-претседателот останува во нивниот визир.
Реклама
Упадот во седиштето на американскиот Конгрес на 6 јануари во Вашингтон предизвика шокираност и надвор од земјата. Шест недели по него, владејачките Демократи најавија дека настаните околу Капитол ќе се најдат под лупа на независна комисија. Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси во писмо испратено до пратениците истакнува дека независна комисија мора да ги испита заднината и последиците на „внатрешниот терористички напад“ и однесувањето на вклучените безбедносни служби. Комисијата треба да работи слично на онаа формирана од Конгресот по терористичките напади од 11 септември 2001 година.
Иницијативата на Демократите доаѓа два дена по неуспехот на постапката за отповикување против поранешниот претседател Доналд Трамп во Сенатот. Демократите таму не успеаја да придобијат доволно републикански сенатори за осуда на Трамп. Независната комисија, според Пелоси, треба да ги истражи и напорите на Трамп да спречи мирно прримопредавање на власта.
Како течеше упадот на поддржувачите на Трамп во Капитол
Доналд Трамп, сѐуште актуелен претседател, долго ги подбуцнуваше своите најверни симпатизери. Последица: некои од нив на 6.01.2021 упаднаа во срцето на американската демократија.
Фотографија: Leah Millis/REUTERS
Создавање набој
Бројот на фанатични поддржувачи на Трмап пред Конгресот во САД растеше преку цел ден. Во почетокот, полицијата успеваше да одржува ред.
Фотографија: Olivier Douliery/AFP/Getty Images
Први судири
Паралелно со заедничката седница на двата дома на Конгресот, Сенатот и Претставничкиот дом, на која требаше официјално да биде потврдена победата на Џо Бајден на претседателските избори, пред Капитол се собираа приврзеници на поразениот претседател Доналд Трамп. Дојде до први судири со полицајците кои требаше да го обезбедуваат Конгресот.
Фотографија: Stephanie Keith/REUTERS
Преслаб кордон
Сѐ поразјарената толпа сакаше да продре во Капитол. Полицајците се обидуваа да ги спречат. На некои агресивни поддржувачи на Трамп им успеа да влезат во зградата.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Упад во Капитол
Дел од демонстрантрантите успеаја да продрат длабоко во зградата, дури до вратите на Сенатот.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Одбрана на последниот бастион
Обезбедувањето се обидуваше да ги држи во „шах“ насилниците во влезната хала. Политичарите во Сенатот низ задна врата беа изведени на безбедно место.
Фотографија: Manuel Balce Ceneta/AP Photo/picture alliance
Еден се проби
Во меѓувреме, еден од приврзениците на Трамп успешно се проби покрај полицајците и упадна во Сенатот. Од трибината за посетители тој скокна во пленарната сала.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Со пиштоли спремни за пукање
Истите слики се повторуваа во другите крила на Капитол. И Претставничкиот дом беше цел на натрапниците. Припадниците на обезбедувањето на Конгресот ги запираа - со вперени пиштоли.
Фотографија: J. Scott Applewhite/AP Photo/picture alliance
Непријателско преземање?
Симпатизерите на Трамп навлегуваа сѐ подлабоко во зградата, сѐ до ходниците со канцелариите на Конгресот. Таму некои се распослаа на работните маси на пратениците.
Фотографија: Saul Loeb/AFP/Getty Images
Надвор од контрола
Еден од натрапниците го „присвои“ и пултот за говор на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и со него се шеташе низ Капитол. Никој не го запре.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Во засолниште
Пленарните сали беа евакуирани. Некои побараа засолниште во галеријата на Претставничкиот дом. Репортерите сведочеа дека биле поделени гас-маски, како заштита од солзавец.
Фотографија: Andrew Harnik/AP Photo/picture alliance
Солзавец врз Конгресот
На силите на безбедноста не им остана ништо друго освен да ја растурат разулавената толпа, употребувајќи солзавец.
Фотографија: Andrew Caballero-Reynolds/AFP/Getty Images
Засилувањето го оконча хаосот во Капитол
Полициските сили добија засилување, Националната гарда поита во помош, а градоначалничката на Вашингтон воведе полициски час до раните утрински часови. Така во Вашингтон ноќта полека се врати мирот.
Фотографија: Spencer Platt/Getty Images
12 фотографии1 | 12
Демократите го обвинуваат Трамп за подбуцнување на неговите сипматизери за упадот во Капитол на 6 јануари. Против преку 200 луѓе кои продреа во зградата на Конгресот веќе е подигнато обвинение за насилство. Во нападот врз Капитол загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец. Пратениците, сенаторите и тогашниот потпретседател Мајк Пенс биле изнесени од салите за заседавање само неколку минути пред упадот на разјарената толпа. Конгресот тој ден одржуваше седница на која требаше да биде потврден изборот на Џо Бајден за нов претседател.
Капитол од немилите настани наваму останува опколен со бодликава жица, сѐуште остануваат ангажирани околу 6.000 вјници од Националната гарда за спречување на евентуални нови напади.