1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Незапаметено снежно невреме во САД

Б.Георгиевски/дв/дпа/ртр20 ноември 2014

Раното пристигнување на зимата предизвика хаос во САД. Половина од државата е под снежна покривка, а температури под нулата се бележат низ сите сојузни држави, вклучително и на Хаваи.

Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Webster

Државите на североистокот на САД се подготвуваат за нов снежен бран, откако претходниот веќе затрупа поголем дел од земјата и предизвика хаос во сообраќајот и смрт на најмалку седум лица.

Ништо веќе не се движи во и околу Бафало, град во сојузната држава Њујорк. Градоначалникот Бајрон Браун вели дека ова се најголемите врнежи на снег во последните 40 години. Најголемиот дел од граѓаните се затворени во своите домови. Стотици возачи останаа заробени во своите автомобили поради снежната олуја, сѐ додека не беа извлечени од страна на спасувачките служби.

Службите за одржување на патиштата работат непрекинатоФотографија: Reuters/L. DeDario

Автопатот 90, еден од најважните коловози на источниот брег на САД, е затворен на неодредено време во должина од 200 километри. Надлежните тврдат дека се очекуваат дополнителни наноси од околу два метри снег. Службите за чистење на патиштата се во постојан ангажман, но нивната работа е најчесто залудна.

Полицијата ги предупреди жителите, особено постарите, да не ги напуштаат своите домови, но ни таму не е најсигурно. Под тежината на снежната покривка паѓаат и покривите на некои куќи.

Загрозени се и куќите во БафалоФотографија: Reuters/L. DeDario

Метеоролозите велат дека снегот ја прекрива земјата со брзина од 13 сантиметри на час. Прогнозите се дека денеска и утре се очекува нова олуја која особено ќе го зафати регионот околу Големите езера на североистокот на земјата.

Во вторникот, температурите во сите 50 американски сојузни држави паднаа под нулата. Според метеоролозите, тоа бил најстудениот ден во ноември од 1976 година досега. Вообичаено, толку ниски температури во делови од САД се очекуваат во јануари и февруари.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми