1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неизбежна автоматизација на војната- борбени роботи наместо војници

Свен Пеле/ Симе Недевски8 јули 2013

Беспилотни летала и роботи се’ почесто ги заменуваат војниците на бојното поле. Научниците и политичарите стравуваат дека машините во иднина би можеле лесно да ја преземат улогата во донесувањето одлуки за живот и смрт.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Маневрот кој на прв поглед може да се види, не е ништо спектакуларно. Еден американски авион полетува од носачот. Меѓутоа, она што на снимката на Пентагон не се гледа е дека авионот од типот Х-47Б нема пилотска кабина. Значи, станува збор за беспилотно летало.
Истовремено, американската морнарица со гордост го претставува своето најново чедо. Оружје кое е можно да се употреби и без човечки тим.

Роботите како војници на иднината!

Повеќе од 70 држави веќе користат беспилотни летала. Тие се во можност да ја лоцираат саканата цел, да истражат одредена област, да интервенираат или да се откажат од акција. Одлуките за тоа, се' уште ги носи човекот. Сепак, влијанието на луѓето на сите совршени технологии околу нас, од ден во ден, е се' помало. Во прилог на таа теза е и се' поголемата улога на беспилотните летала, кои дејствуваат самостојно. Тие всушност се веќе програмирани, како што е тоа случај со Х-47Б. Навистина, се' уште станува збор за тест-фаза, но целта е јасна и за преиспитување на етичките вредности, кои во оваа приказна, очигледно се занемаруваат.
За среќа се' уште нема летала кои интервенираат потполно независно, но трендот ја навестува се поизвесната употреба на т.н. самостојни борбени роботи на боиштата во кризните региони.
„Причина за загриженост има, бидејќи е се' поголем притисокот на воените структури, кои се' за употреба на автономни системи“, вели Јирген Алтман. Овој германски физичар, соработник на Техничкиот универзитет во Дортмунд, основач е на Меѓународниот комитет за контрола на роботско вооружување (ИЦРАЦ). Станува збор за невладина организација која се залага за ограничена употреба на роботиката во индустријата за вооружување.

Машините не можат да се заморат

Од гледиште на воените стратези, преминувањето на употреба на роботиката наместо војници е логично. Бидејќи роботите не можат да се заморат. Покрај тоа изведувањето на високоризичните маневри е подобро да им се доверат на машините, отколку на човекот. И на прашањето зошто употребата на беспилотни летала не би можела да заврши само на далечинско управување, војската има одговор. Понекогаш во комуникацијата со системот се губат неколку секунди, што може да доведе до неуспех на мисијата.
Во студијата на американското министерство за одбрана се прогнозира дека за 20 до 30 години, спорните системи ќе имаат далеку поголема автономија. Алтман предупредува оти Америка не е единствената која оди по тој пат. „Тој тренд ќе го следат и останатите произведувачи на оружје. Во еден момент вооружените сили ќе бидат потполно автоматизирани.“

Кампањи против роботите убијци

Во обидот да се спречи трката во наоружување со роботи убијци, повеќе меѓународни невладини организации ја започнаа кампањата „Стоп за роботите убијци“. Политичарката од редовите на партијата на Зелените, Агњешка Бругер ја оправдува загриженоста на стручната јавност. Таа смета оти е неопходно да се воведе систем на контрола на таквото вооружување на меѓународно ниво. „Бевме адекавтно советувани и не би сакале слепо да го следиме понатамошниот развој на вооружувањето. Ние едноставно мореме да водиме сметка за ризиците од новите технологии.“
Технички гледано, роботите и денес не се во состојба да прават јасна разлика меѓу борци и цивили. Со други зборови, тие борбени средства не можат да ги испочитуваат стандардите на меѓународното право.
„Контролата на вооружување од овој тип на глобално ниво е неизбежна“, вели Родерих Кизеветер, политичар на германската Христијанско-демократска унија и претседавач на Здружението на воени резервисти на Бундесверот. Меѓутоа, тој тврди дека технолошкиот развој на военото вооружување не може да се запре. „Мораме да имаме предвид дека во иднина ќе има земји кои ќе развиваат такво оружје, а тоа значи оти развојот на таквото вооружување мораме да го следиме и ние, за да можеме да бидеме во можност да се одбраниме.“
Употребата на роботи убијци во Германија е се' уште далечна иднина. Иако и во Европа се развива технологија слична на американската. Европските извидувачки беспилотни летала се наречени „Еуро Хок“, американските, кои ги произведува концернот Нортроп Груман, се викаат „Глобал Хок“. Дали и кои беспилотни летала од странство ќе ги нарачува Германија, ќе се знае по парламентарните избори закажани за септември годинава.

Фотографија: Reuters
Фотографија: Getty Images
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми