Неизвесна трета етапа од Тур д‘ Франс
6 јули 2009Најголеми шанси му се даваат на вчерашниот победник, Британецот Марк Кавендиш. Во жолтата маичка вози Фабијан Канчелара од Швајцарија, кој беше најбрз во првата етапа и е голем фаворит на Тур д’Франс годинава: „Ова ми е голема мотивација за останатото што следува, оти пред нас се уште 3500 километри. Но во жолтата маичка, се разбира, ми е малку полесно“, рече Канчелара по успешниот старт.
Американецот Ленс Армстронг му се врати на велосипедизмот и вози на оваа трка, но во необична улога за него, споредна, оти за капитен на тимот „Астана“ е одреден Шпанецот Алберто Контадор. „Мислам дека треба да ги почитуваме правилата и меѓусебе да се почитуваме. За мене е јасно дека Алберто е лидер и секој треба да го следи лидерот. Во тој поглед нема исклучок од парвилата во велосипедизмот“, рече Армстронг.
Автор: дв/ЗЈ
Редактор: Александра Трајковска