1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неизвесно членството на Македонија во НАТО и во 2008

23 септември 2005

Вратите за членство на Македонија во НАТО Алијансата е можно да останат затворени и во 2008 година. Ова е пораката од американскиот Стејт Департмент, која директно ја пренесе помошник државниот секретар Курт Вокер.

Скопје
СкопјеФотографија: aptn

Никој неможе да потврди каква ќе биде одлуката и дали Алијансата во 2008 година, ќе организира самит на кој ќе биде донесена одлука за проширување, изјави Курт Вокер за време на вчерашната конференциска видео врска со преставници на медиумите во Скопје.

Според него во моментов е многу важно земјите кандидати да работат на спроведување на реформите. Се зависи од тоа. НАТО од македонските власти бара резултати. Треба да биде сторено повеќе во борбата против корупцијата, владеење на правото,демократијата, реформите во одбраната. Вокер помалку изненаден од најавите на македонските власти дека дека земјата ќе влезе во Алијансата во 2006, изјави дека таквата најава никогаш не била соопштена.

Тој потврди дека владата во Скопје уште во Јули била известена дека во текот на наредната година НАТО нема да одржува самит. Македонската влада и покрај сето ова е оптимист. Премиерот Владо Бучковски на синоќешната седница на парламентот на која беше изгласана доверба на неговиот кабинет соопшти дека е непоправлив оптимист. Пораката од Вашингтон не значи дека битката ја загубивме, победата ќе ја извојуваме во 2008 рече Бучковски според кого никој неможе да ја оспорува упсешноста на реформите потребни за интегрирање во НАТО, посебно во одбраната.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми