1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Немало протерување на Албанците на Косово

8 март 2005

Во продолжението на судењето на слободан Милошевиќ, сведокот на одбраната, Дитмар Хартвиг изјави дека српските валсти во 1999 година не го протерувале албанското население на Косово.

Бившиот германски офицер кој во тоа време беше шеф на европските посматрачи во Приштина рече дека за тоа немал лични сознанија, ниту видел извештај што зборува за тоа. Според обвинението што го товари Милошевиќ за злосторства против човештвото, српската полиција и војска во пролетта и летото таа година спровеле организирана и систематска кампања за протерување на околу 800 илјади Албанци во Македонија и Албанија. Сведокот изјави дека само еднаш слушнал оти на граничниот премин Генерал Јанковиќ има околу 4 илјади бегалци, но дека неговите посматрачи таму затекнале само 300 до 400 Албанци. На прашањето на Милошевиќ зошто албанските цивили ги напуштале домовите, Хартвиг одговори дека обично ОВК во околината на селата ги напаѓала силите за безбедност, а потоа полицијата би тргнала во потера. Тој изјави дека полицијата не предизвикувала инциденти, туку само реагирала на провокациите на ОВК.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми