Нема крај на бегалските бранови кон Италија
9 април 2014Италијанската морнарица во рок од 48 часа пресретна околу 4000 бегалци, кои се обиделе да го минат Средоземното Море во делумно многу лоши бродови.
„Пристигнувањето на бродовите не прекинува, а вонредната состојба станува сѐ поголема“, изјави италијанскиот минситер за внатрешни работи Анџелино Алфано во Рим. Во еден брод најверојатно се наоѓало и мртво тело, дополни министерот за радио станицата Раи Уно, укажувајќи дека продолжува работата на надлежните. Вчера италијанската морнарица соопшти дека во рок од 24 часа пресретнала преку илјада бегалци.
Италија бара ЕУ да преземе мерки
Во спасувачаката акција учествувале и два трговски брода, кои од два брода прифатиле повеќе од 600 бегалци. Морнарицата информираше дека во текот на ноќта биле спроведени и други акции.
Од почетокот на годината според информации на Министерството за внатрешни работи на брегот на Италија биле прифатени 15.000 бегaлци со бродови. Особено голем е бегалскиот бран од Либија. Меѓу 300.000 и 600.000 луѓе од северноафриканската земја биле подготвени, преку морето да пребегаат во Европа. ЕУ мора да го стави проблемот под контрола, побара Алфао. Средоземното Море исто така било европска граница. Две третини од бегалците, кои стигнуваат во Италија, сакале да заминат во други земји на ЕУ.
Добри бизниси за криумчарите на луѓе
Секој месец илјадници луѓе се обидуваат преку Средоземното Море да допатуваат во Европа. Од тоа, смета Алфано, профитираат пред сѐ професионалните криумчари на луѓе, оти сегашните акции за спасување значат дека патувањата со бродовите се пократки, попрофитабилни и се помалку ризични.
Есента 2013 година во повеќе тешки несреќи пред брегот на Италија животот го загубија повеќе од 400 бегалци. Италијанската влада потоа почна да ја спроведува акцијата „Mare Nostrum“ во која се вклучени воени бродови, беспилотни летала и хеликоптери, кои со инфрацрвена и оптичка опрема ги пронаоѓаат бегалските бродови.