1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нема маски? Нема проблем!?

Мелиса Су-Џи Брунерсум
28 април 2020

Обврска за носење маски има во многу земји, но маски нема насекаде и секогаш. Поради тоа, секој се снаоѓа како знае и умее, па се прават маски од листови од банана се’ до маски од хартија за печење.

Peru Coronavirus Eine selbstgemachte Gesichtsmaske
Фотографија: Reuters/S. Castaneda

Луѓето низ цел свет изнајдоа креативни начини да се справат со недостигот од маски и да направат свои за да се заштитат себеси и другите од новиот корона вирус. Додека СЗО вели дека само луѓе со симптоми или оние кои се грижат за пациенти со коронавирус треба да носат маски, некои земји, меѓу кои Израел и Чешка, воведоа обврска за задолжително носење маски преку носот и устата во одредени околности.

Фабриките се трудат да произведат најмалку 20 пати повеќе заштитни маски дневно за да ја задоволат екстремно зголемената побарувачка, но според Комисијата за Национален развој и реформи во Кина, маските може да бидат многу тешки и скапи за производство. Поради недостаток, цените на заштитните маски се зголемија до десетпати, а има голем број пријавени случаи на лажни провајдери на пазарот.

Поради тоа, луѓето станаа многу креативни во изнаоѓање на начини за правење маски од рачно производство. Кинеските „нетизени“ на Веибо постираат слики на луѓе кои за да направат маски користат крпи, пелени и овошје пресечени на пола. Во меѓувреме, Твитер има серија постови на луѓе од САД до Индија кои даваат инструкции како сами да си сошиете, или да си направите заштитни маски.

Италија: хартија за печење

Италијанската новинарка Барбара Паломбели им покажа на сограѓаните како да си направиш маска сам дома користејќи хартија за печење. Нејзиниот креативен туторијал беше емитуван на италијанската телевизија.

Велика Британија: пластични кутии

Оваа Британка е сликана како носи пластична кутија врз глава додека се вози во јавен транспорт.

Куба и Јапонија: градници и марамчиња

Кубанците и Јапонците изнаоѓаат неконвенционални начини за изработка на заштитни маски од марамчиња и градници со ластик поради недостаток на заштитна опрема.

Хонг Конг: пластични шишиња

Дел од жителите на Хонг Конг носат пластични шишиња за вода на глава како форма на заштитна опрема поради недостаток на заштитни маски во градот.

Филипини

Луѓето на Филипините како заштитни маски користатат пелени, долна облека и вреќи за ѓубре. Земјата исто така беше соочена со недостаток на заштитни маски во време на ерупцијата на вулканот Таал во средината на јануари, така што Филипинците уште пред избувнувањето на коронавирусот веќе си изработуваа маски дома.

Домородни племиња во Амазон: листови од банана

Домородните племиња во амазонската џунгла во Перу, кои немаат добиено владина помош, се заштитуваат со маски направени од листови од банана. Овие листови прво се мијат, а потоа се омекнуваат на оган. „Ги користиме за да се заштитиме од болеста која е раширена во цел свет. Користиме листови од банана за да се заштитиме од вирусот“, изјави Јулио Кусуричи, лидер на федерација на домородни заедници во регионот Мадре де Диос во Перу, за агенцијата АФП. „Досега немаме добиено никаква помош од владата... Залихите од храна се намалуваат, нема пари за нафта, ниту за шеќер, а уште помлаку за маски“, додава тој.

Кенија: отпадоци, лисја и зеленчук

Во меѓувреме, објави на Твитер на кои се гледа како Кенијците користат лисја и рециклиран материјал како заштитни маски за лице само го илиустрира недостатокот на медицинска опрема во оваа западноафриканска земја во време на корона-пандемија.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми