1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нема нови мерки против Ковид-19

ДТЗ
19 јули 2021

Комисијата за заразни болести заседаваше, но не препорача ниту забрана на свадбите на затворено, ниту заштитни мерки при влез во земјата.

Nord-Mazedonien Corona Impgung in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Комисијата за заразни болести утринава заседаваше, но не донесе одлука за нови рестриктивни мерки против Ковид-19. И порај забрзаното ширење на новите мутации на коронавирусот, особено Делта сојот во соседните земји, засега не се препорачуваат нови мерки на заштита, ниту пак се забрануваат свадбите на затворено, коишто се смета дека се причина за зголемата бројка на заразени изминативе денови во Северна Македонија. 

Министерството за здравство соопшти дека зголемување на позитивни од тестирани за Ковид- 19 има во Скопје и Тетово. Според анализите во Тетово, ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид-19, состојбата се оценува како стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. 

Комисијата за заразни болести во моментов останува на досега препорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба. Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на вирусот Ковид- 19. 

Здравствените експерти бараа воведување на заштитни мерки за влез во земјата како вакцинален сертификат, негативен ПЦР-тест или потврда за прележан Ковид-19, но засега вакви мерки не се предвидени. Министерот за здравство, Венко Филипче, повеќепати изминатиов период потенцираше дека нема потреба од воведување на нови мерки, посочувајќи дека забрзанта вакцинација ќе го спречи ширењето на вирусот.   

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми