„Нема обединување меѓу Косово и Албанија“
11 јануари 2014Владите на Косово и на Албанија предводени од премиерите Хашим Тачи и Еди Рама на својата прва заедничка седница што се одржа во Призрен во Спомен куќата каде е одржана Призренската лига, потпишаа повеќе договори.
Како што јави дописникот на Макфакс, биле потпишани Спогодба за стратешка билатерална соработка , потоа Спогодба за олеснување на трговската размена, Спогодба во сферата на сообраќајот и инфраструктурата и документ за продлабочување на соработката за евро интеграции.
Воедно е донесена и одлука на двете влади за формирање на Фонд за развој на Прешевската долина.
Премиерот на Албанија Рама изјави дека првата заедничка седница на двете влади претставува камен темелник во економската соработка.
„Заедничката средба во Призрен се потпира на четири клучни столбови -надворешната политика, внатрешните состојби и во сферата на економијата и образованието“, додаде Рама.
Тој рече дека границата помеѓу Косово и Албанија останува непроменета. Косовските медиуми јавија дека пораката на двата премиера била дека нема промена на границите и нема обединување на Косово кон Албанија.