1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема промена на границите на Балканот

12 август 2011

Аналитичарите позитивно ја оценуваат посетата на Вестервеле на Балканот. Пораката дека не смее да има промена на границите и дека дијалогот е единствено решение се оценуваат како најпозитивни.

Гидо Вестервеле и Хашим ТачиФотографија: dapd

Недељко Зејак, познавач на случувањата и долгогодишен дописник од Косово, за ДВ вели дека посетата на шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле, која се случи во период кога се смируваа тензиите на северот на Косово, пренела јасна порака за официјалните претставници во Приштина, но и за Србите северно од реката Ибар и за официјален Белград.

„Ставот дека Германија нема да прифати никаква промена на границите, ниту поделба на Косово, јасно предупредува. Истовремено, и неговата најава дека Германија ќе продолжи да лобира за признавање на независноста на Косово, говори сосема доволно дека се создава нова реалност на Косово. Поточно, дека тука мора да се гради мултиетничка и демократска држава и во таа смисла Германија прави напори да ја убеди владата во Приштина дека не е се’ во омеѓувањето на косовската територија, туку во создавањето еднакви услови за живот, за сите заедници и за сите граѓани.“

Позитивни ефекти и за северот

Зејак смета дека посетата ќе има позитивни ефекти и за српската страна бидејќи Вестервеле силно се заложил за мир и за дијалог.

Хашим ТачиФотографија: DW

„Тоа е позитивна порака и за северот на Косово. Порака за сите, кои евентуално со насилство би се обиделе да ја сменат состојбата на северот на Косово.“

Косовскиот аналитичар, Гзим Бажаку во прв план ја става поддршката на Германија за демократскиот развој на Косово, преку јасниот став за непроменливост на границите и продолжување на дијалогот.

Посетата на Приштина, според Бажаку, е искористена и за да им се пренесе јасно предупредување на институциите на Косово дека „не смее да има еднострани акции, без претходна консултација со земјите од Големата петорка. Вестервеле притоа изговори и дека Германија треба секогаш да биде информирана за сите случувања на Косово“, вели Бажаку.

Според аналитичарот Халил Матоши, посетата недвосмислено потврдила дека Германија е една од земјите која му дава најголема поддршка на Косово, и тоа не само по прашањето на независноста, туку и за територијалниот интегритет.

„Мислам дека е ова и дипломатска победа на косовската влада наспроти кризата на северот на земјата. Сега на масата ќе дојдат мирнодопски прашања, бидејќи вооружениот конфликт е избегнат“, вели Матоши. Со самата посета на северот на Косово, според Матоши, Вестервеле јасно ставил до знаење дека нема да има промена на границите.

Автор: Рефки Алија/Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми