1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема решение за дозволата за работа на А1

27 јули 2011

Стечајниот управник на А1 денеска се сретна со членовите на Советот за радиодифузија. Детали не се познати, меѓутоа извори од СРД велат дека постојат разидувања во толкувањето на член од Законот за радиодифузија.

А1Фотографија: Petr Stojanovski

Стечајниот управник на А1 телевизијата, Ацо Петров, по средбата со членовите на Советот за радиодифузија не прецизираше што точно решиле околу дозволата за работа на А1, по отворањето на стечајната постапка за телевизијата. Тој само кратко изјави дека се’ уште е рано да се зборува за тоа и дека тоа е надлежност на други органи. Петров изјави дека на состанокот со СРД се разговарало за Законот за стечај и за Законот за радиодифузија.

Совет за радиодифузијаФотографија: Petr Stojanovski

Решението за отворање за стечајна постапка тој го примил денеска и ќе оди да се види со вработените од А1 ТВ, на кои веќе им било соопштено дека решенијата за прекин за работниот однос се изготвени. Од 230 вработени, 90 биле на определно време.

Никој од Советот за радиодифузија не излезе со изјава, но извори од таму велат дека меѓу членовите има спротиставени ставови околу толкувањето на членот 62 од Законот за радиодифузија кој вели: „Ако настапи стечај или ликвидација, дозволата за работа престанува да важи“.

Сепак ова е работен состанок на Советот за радиодифузија и ова прашање треба да помине на редовна седница, која треба да се закаже два дена од напред.

Автор: АТ/ макфакс

Редактор: Горан Чутаноски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми