Нема судија да му отсвири крај на скандалот во германскиот фудбал
1 февруари 2005“Веројатно ќе мине подолго време , додека да се обзнанат сигурни информации за изборите: Значи колку луѓе гласале за кого и каде. Тоа ќе биде така затоа што набрзина соопштените резултати предизвикуваат недоверба. Со оглед на тоа колкав е бројот на изборни листи и кандидати , брзо соопштување на резултатите не би било возможно ниту во земји со управа која функционира добро. Едноставната вистина дека Ирачаните се изјасниле против теророт не говори многу за мотивите и надежите на избирачите , а уште помалку за значењето на резултатите за иднината на земјата”
Вествалише Цајтунг од Дортмунд пак се занимава со изборите во светлина на задоволството на американските воени постројби во Ирак. Весникот пишува:
“ И сето тоа под постојана американска окупација , со длабок раздор меѓу населението и под закана на секојдневното насилство. Новите перспективи и подобрите услови за живот би можеле да ги одвратат од насилство сунитските бунтовници само во некоја подалечна иднина . на прекумерното задоволство , кое прозвучи од устите американскиот претседател Џорџ Буш, тука му нема место. Ниту пак изборите можат дополнително да ја озаконат војната спротивна на меѓународното право, ниту пак одлучувачките препреки се совладани”
Тагеспост од Вирцбург критички се осврнува кон системот по кој ќе функционира идниот ирачки парламент:
“Дури резултатите , кои се очекуваат за нешто повеќе од две недели , ќе можат на светлина да го изнесат вистинскиот број на излезени избирачи. Доколку етничките и верските поделби меѓу Шиитите , кои претставуваат 60 насто од населението и Сунитите и Курдите кои имаат удел од по 20 насто, неочекувано доведат до нееднаквост во новиот ирачки парламент, изборите на тој начин би можеле да дадат повод за уште поголем раздор меѓу верските групи”.
Килер Нахрихтен пак пишува за актуелната расправа околу можното укинување на екстремнодесничарската Национално Демократска Партија во Германија :
“проблем за традиционалните партии не се толку гласните неонацисти , колку што се тоа префинетите лидери во одела и машни , кои со релативизирачки споредби и лаги злосторствата на националсоцијализмот ги прикажуваат во многу посветла форма отколку што тие навистина се. Тие споредби е невозможно да бидат замолчени само доколку бесно се запениш. Тие треба да бидат победеени со аргументи , а нивната дрскост да биде раскринкана”.
Абендцајтунг од Минхен ги истражува малите изгледи за успех на повторното покренување на постапка за забрана на НПД:
“Претходниот обид за забрана не пропадна затоа што НПД е беспрекорна демократска партија . Пропадна поради тоа што во НПД беа расејани информанти на службите за заштита на уставниот поредок , чиви изјави државата сакаше да ги искористи во судскиот процес. На такво нешто сега повторно предупредија судиите во Уставниот суд во Карлсруе. Нивното барање за отстранување на таа грешка , може да се свати како бодрење воочи вториот обид . Државата би требало да ја искористи таа можност”.
Весникот ханделсблат од Дизелдорф пак пишува за фудбалскиот скандал со наместени обложувања кој добива се пошироки размери:
“Постојат моменти на фудбалските натпревари во кои жестокоста минува во бруталност, кога постојано гледаме прекршоци и повреди , кога ќе биде пореметен текот на играта , а головите ќе станат споредна работа. Во тие моменти помага единствено цврстината на судијата . Токму до тој степен стуигна скандалот со наместените натпревари во Германија: секој ден нови обвинувања , нови гласишта , вистини и лаги од прва , втора и трета лига. Но каде е судијата кој треба да ги смири страстите, кој повторно ќе ја насочи агресивноста на разумен тек. Се чини дека Фудбалскиот сојуз на Германија не е способен за такво нешто”.