Нема тајна дипломатија
29 март 2008Мадам Бакојани, знам дека имате посебни чуства кон Дојче Веле...
Бакојани: „Да, навистина имам многу посебни чуства спрема Дојче Веле.“
Можете ли да ни кажете каков е грчкиот став за последниот предлог на посредникот Нимиц?
Бакојани: „Еден од последните предлози на господин Нимиц веќе доби одговор од грчката влада. Го известивме господин Нимиц за нашите размислувања и ставови, а сега ќе продолжиме со процесот на преговори додека не најдеме решение прифатливо за двете страни.“
Ќе се сретнете ли со макеоднскиот министер за надворешни работи?
Бакојани: „Немаме договорено специјална средба, но тој ќе биде овде и ќе се видиме. Но, немаме закажано специјална средба.“
Колкава е можноста за вето?
Бакојани: „Нашиот став е јасен, мораме да најдеме начин да изградиме нови односи но, не можеме да прифатиме ПЈРМ да влезе во НАТО се додека не изградиме вистински сојузнички односи. Се надевам дека ќе најдеме заемно прифатливо решение. И тогаш ќе имаме можност да се согласиме со сето тоа.“
Дали сте оптимист дека има доволно време?
Бакојани: „Не знам, секогаш има доволно време.“
Има ли и тајна дипломатија која трага по прифатливо решение?
Бакојани: „Дипломатијата е секогаш отворена. Нема тајна дипломатија.“