1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Можат ли БМВ и Мерцедес да исчезнат од Петтата авенија?

Ане Швет
19 февруари 2019

Доналд Трамп не сака да гледа возила на БМВ и Мерцедес на Петтата авенија во Њујорк. За да си ја исполни желбата тој изрече различни закани и понуди во рамките на трговскиот конфликт со ЕУ. Но, ќе успее ли во намерата?

USA Präsidentschaftswahl Straßensperre vor Trump Tower in New York
Фотографија: Reuters/A. Kelly

Њујоршката Петта авенија е позната ширум светот по своите луксузни брендови наменети за богатите и славните, а меѓу нив неретко се гледаат и најновите модели на БМВ и Мерцедес. Но, доколку му се исполни желбата на претседателот на САД, Доналд Трамп, популарните германски возила наскоро не би смееле да бидат видени на славната авенија.
Сѐ започна за време на изборната кампања на Трамп во 2015 и 2016. Тогаш тој вети дека ќе ја зајакне домашната економија со отворање работни места и зголемување на локалното производство. Увозот на странски добра, а особено германски луксузни возила, му е трн во око оттогаш. Гледањето на тие возила како минуваат покрај Трамп Кулата, која е лоцирана на Петтата авенија, очигледно било олицетворение на сѐ што тој не сака.
Потребни се докази? Во април 2018, Трамп наводно му рекол на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе ја продолжи трговската војна се до денот кога ниту еден Мерцедес или БМВ веќе нема да минува по Петтата авенија. Но, како Трамп мисли да го спроведе овој план?

Сценарио бр. 1: Тарифи од 25 проценти за возила од ЕУ

Кога ЕУ производителите на возила одеднаш би морале да плаќаат меѓу 20 и 25 проценти за увоз во САД, нема веќе да има Мерцедес и БМВ на Петтата авенија. Веројатно тоа си го мислел Трамп кога се закани дека ќе ги воведе овие тарифи минатиот месец.
 

На прв поглед тоа делува логично, вели автомобилскиот аналитичар Ефраим Ливај. „Тоа ќе ја качи цената за потрошувачите, но и ќе ги загрози и работните места обемот на трговија. Затоа што кога цените растат за потрошувачите, тие ќе купуваат помалку возила. Тоа ќе го намали профитот на автопроизводителите низ целиот свет“.
Но дали тоа значи дека сопствениците на германски возила одеднаш ќе се одлучат за некој американски бренд?
„Веќе 20 години возам Мерцедес“, вели еден возач во Менхетн. Би платил и повеќе ако мора. Слично на него, и еден млад сопственик на БМВ во центарот на Њујорк вели дека ќе му остане верен на својот бренд. „Не би размислувал за купување на американски автомобил затоа што тие навистина не ми се допаѓаат“, вели тој. Наместо тоа, тој побрзо би купил поевтин модел на германски автомобил.

Тешко е да се замисли дека заканите на Трамп ќе ги предомислат купувачите, а стабилните бројки на продажба на Мерцедес и БМВ во САД го потврдуваат тоа. „Мислам дека многу луѓе чекаат додека да се случи тоа“, вели аналитичарот Ливај. „Доколку сте ја виделе преговарачката тактика на Трамп, тој наголемо се заканува и потоа добива нешто на средина или ништо“.

Заклучок за сценариото бр. 1:

- Нови работни места за производителите во САД: Малку.

- Пари во државните кофери: 25 отсто од сите увезени европски возила (околу 4,5 милијарди евра годишно)

- Мерцедеси и БМВ-а на Петта авенија: веројатно исто колку и сега, но поевтини модели.

Ќе исчезнат ли германските брендови од американските улици?Фотографија: picture-alliance/dpa/Gentsch/Woitas/Deck

Сценарио бр. 2: Без воведување тарифи меѓу САД и ЕУ

Звучи како целосна спротивност на претходните закани на Трамп. Но, и покрај тоа што оваа опција делува далеку подобра за ЕУ во однос на првото сценарио, САД повторно излегуваат како победници.

Досега, американските производители плаќаа тарифа од 10 проценти за извоз во ЕУ, додека автомобилите увезени од ЕУ во САД беа царинети со 2,5 отсто. Оттука, што ќе значи нивното укинување? Американските возила ќе станат поевтини за 10 проценти во ЕУ. Но значи ли тоа дека Европејците ќе купуваат повеќе американски возила? Веројатно не. Истовремено, ЕУ ќе може без давачки да ги пласира Мерцедесите и БМВ-ата на Петта авенија.

Што добива ЕУ од ваквиот договор? Едно нешто кое Трамп не смее да го заборави е дека мнозинството германски автомобили кои се продаваат на пазарот во САД се всушност и произведени во САД. Оттука, тие го прават токму она што го посакува Трамп: отвораат работни места. Најголемата фабрика на БМВ е лоцирана во Јужна Каролина; Мерцедес вработува 24 илјади луѓе директно и уште 150 илјади индиректно преку својот производствен синџир.

Уште поважно, најголемиот број германски возила произведени во САД воопшто не остануваат таму. БМВ, на пример, извезува повеќе од 70 отсто од своето годишно производство во САД во други земји. Еден од најголемите купувачи е... Кина- земјата со која Трамп ги ескалираше тензиите до раб на трговска војна. Кинеските контра-мерки притоа ги погодуваат и европските автопроизводители и покрај тоа што ЕУ и Кина не се во судир.

Германските производители во САД можат да извлечат два заклучока од оваа ситуација. Прво, можат да продолжат да произведуваат во САД. Тоа ќе значи повеќе БМВ-а и Мерцедеси на Петтата авенија. Или, можат да произведуваат за кинескиот пазар директно во Кина, со што би се загубиле стотици илјади работни места во САД.

Заклучок за сценариото бр. 2:

- Загрозени илјадници работни места.

- Пари во државните кофери: Заштеда од 10 отсто при извоз на возила во ЕУ- околу 4,9 милијарди евра годишно.
- Мерцедес и БМВ на Петта авенија: Повеќе од порано.

Оттука, што и да направи Трамп, тој нема да успее да се ослободи од БМВ и Мерцедес на Петтата авенија. Конечно, па и тие се исто толку дел од Петтата авенија како Кулата на Трамп.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми