1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неочекувано убедлива победа на Чавез

АТ/ миа/ афп/ ртр/ дапд8 октомври 2012

Актуелниот шеф на државата Хуго Чавез победи на претседателските избори во Венецуела. Според податоците на изборната комисија, тој освои 54,4 проценти од гласовите и го победи конкурентот, правникот Енрике Каприлес.

Фотографија: Reuters

По 14 години на власт, претседателот на Венецуела Хуго Чавез е реизбран на оваа функција за четврти шестгодишен мандат, покажуваат првичните резултатите објавени од Националниот избирачки совет, по пребројување на 90 отсто од гласачките ливчиња.

Чавез ја доби поддршката од 54,42 отсто од гласачите, додека неговиот противкандидат од редовите на опозицијата Енрике Каприлес освоил 44,97 проценти од гласовите.

„Му благодарам на мојот многу сакан народ“, истакна Чавес на социјалната мрежа Твитер веднаш по објавувањето на резултатите.

Според претседателот на Националниот избирачки совет Тибисај Лусена, одзивот на гласачите бил 81 отсто.

Со својата политика на подржавување по 14 години на власт Чавез го поделни населението. Неговиот предизвикувач Каприлес пропагираше комбинација од пазарно стопанство и социјална политика. Кандидатот на опозицијата го призна својот пораз, изјавувајќи дека „за да знаеш да добиваш, треба да знаеш и како да губиш“.

Изборите во целата земја беа проследени од силни мерки за безбедност. Според регионалните извештаи, гласањето минало мирно.

Доколку конечните резултати ја потврдат неговата победа, 58-годишниот Чавез, кој е на власт од 1999. година, ќе го започне новиот претседателски мандат на 10 јануари идната година. До 2019. година тој има намера да го спроведува моделот „Социјализам на 21. век“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми