1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Непотизам и корупција во германската политика

Г. Биркеншток/Б. Георгиевски1 мај 2013

Дури откако беше објавена една книга за непотизмот и корупцијата, во баварскиот парламент двајца пратеници дадоа оставки. Но експертите тврдат: случаи на корупција во Германија има далеку повеќе.

Фотографија: Bayerischer Landtag

Во Баварија за пратениците во тамошниот парламент уште од 2000. година постои закон според кој не смеат да се вработуваат роднини. Сепак, дури и претседателот на пратеничката група на владејачките баварски Христијански демократи Георг Шмит до пред извесно време ја вработуваше својата сопруга како секретарка - и тоа со широкограда плата која достигнуваше и до 5.500 евра месечно.

За волја на вистината во законот се предвидува „преоден период“ за роднините кои се вработени пред неговото стапување во сила, но не е Шмит единствениот кој тој преоден период го искористил преку секоја мерка.

Дури и претседателот на комисијата за буџет на покраинскиот парламент Георг Винтер ги вработил своите два сина „за малку да поработат на компјутерите“- иако во 2000. година тие имале по 13 односно 14 години.

Дури откако правникот Ханс Херберт Фон Арним ја објави книгата „Самопослужители“, овие двајца политичари конечно дадоа оставки. Всушност, дури 17 од 92 пратеници во баварскиот парламент на Христијанските демократи го користеле исклучокот „преоден период“, и единствената утеха е дека мнозинството од нив во меѓувреме им дале отказ на своите роднини.

Георг ШмитФотографија: picture-alliance/dpa

Но, она што е најстрашно во целата афера, дури и не беше злоупотребата на функцијата, туку фактот дека сите молчеа. Бидејќи едноставно не е можно другите пратеници да не знаеле што правеле нивните колеги. Случајот го изненади и шефот на Транспаренси интернешнл во Германија, Кристијан Хумборг, кој мораше да објаснува како земјата се нашла на толку високо место на листата според степенот на корупција.

Скандалите не се изненадување

Но, обелоденувањето на скандалот не е изненадување за професорката по социологија на Универзитетот во Минстер Рут Линсен. Таа смета дека степенот на корупција во Германија „едвај може да се согледа“ и дека за мнозинството случаи јавноста никогаш не дознава. Само меѓу 1 и 5 отсто од случаите, воопшто се откриваат, а евентуалните казни или санкции можат да се сметаат за осамени појави.

Шефот на Транспаренси, Хумборг додава дека многу нешта во Германија минуваат неказнето поради непостоењето на доволна законска регулатива против корупцијата. Хумборг смета дека еден од најважните инструменти против злоупотребите е правото на јавноста на увид во службените списи. Досега таков закон прифатија мнозинството од германските покраини, но пет одбиваат. Од нив, дури четири се на југот на земјата: Хесен, Баден Виртемберг, Саксонија и Баварија.

Кристијан ХумборгФотографија: picture-alliance/dpa

Професорката Линсен додава дека во Германија не недостасуваат само национални закони, туку е и речиси срамно што Германија е една од ретките земји во светот која ја нема ратификувано Конвенцијата на ОН против корупцијата. Во Берлин велат дека причината за тоа е што конвенцијата „ја загрозува независноста на пратениците“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми