1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Непромислената постапка на Навални

Јури Решето
13 јуни 2017

Апсењето на Алексеј Навални би можело да значи крај на опозициското движење во Русија. А за тоа би бил одговорен и самиот Навални, нежната билка на демократијата во Русија би згаснала, смета Јури Решето

Russland Proteste in Moskau
Фотографија: picture-alliance/AA/S. Karacan

Едно момче во Новоросијск, во јужниот дел од Русија, е претепано кога во градското собрание сакало да најави одржување демонстрација. Тој е приврзеник на Навални. Едно друго момче, во сибирскиот Иркутск, било измачувано, па животот му виси на конец. Неговата „вина“ се состои во тоа што е син на претприемач, кој му изнајмил простории на Навални.

Илјадници студенти во цела Русија добиваат заканувачки писма од власта со предупредувања да не им се придружуваат на протестите организирани од Навални. Аргументот на власта: протестите во режија на Навални се провокација.

И најпосле ова: едно десетгодишно дете го рецитира Шекспир во центарот на Москва. Полицајците стануваат нервозни. Стравуваат дека детето ќе предизвика преголемо внимание  кај јавноста и го водат во полициска станица. Не е познато дали детето е симпатизер на Навални или било кога чуло за овој политичар. Целата земја со денови дискутира околу тоа.

Јури Решето

Оној кој сака да се бори, мора да биде претпазлив

Овие примери го покажуваат степенот на нервоза на руската власт. А таа станува сѐ понервозна со приближувањето на претседателските избори. Се донесуваат апсурдни закони за луѓето да можат да бидат осудени на затвор поради сомнителни искази на социјалните мрежи. Од перспектива на бранителите на човекови права, тоа е апсурдно. Од перспектива на власта - сомнително.

Оној кој сака да продолжи да се бори, мора да биде внимателен. Инаку, борбата брзо ќе биде завршена. Оние кои живеат во Русија го знаат тоа. Алексеј Навални живее во Русија. И покрај тоа, тој се впушти во ризик. Би можел да загуби. Порано отколку што би сакал.

Најновите протести во Москва беа договорени со власта. Тоа што градот ги одобри, граничи со чудо. Крајно, демонстрациите требаше да бидат одржани на најважниот државен празник - Денот на Русија. Местото на кое што беа одобрени не е баш Црвениот плоштад, но тоа е познато место за демонстрации среде Москва: Сахаров проспект.

Целосно непотребна провокација

Доцна квечерината, Навални ненадејно ги повика своите следбеници да се состанат на друго место. На она каде требаше да биде одржана свеченоста по повод Денот на Русија, улица Тверскаја, среде „непријателскиот табор“, ако сакате. За власта тоа беше јасна провокација. Навални беше јасно предупреден, но не се откажа... и заврши зад решетки.

Со него се уапсени и преку 700 други Руси, кои го следеа неговиот повик. Млади луѓе. Студенти. Ученици. Многумина од нив набрзо ќе бидат пуштени на слобода. Но, не сите. Власта претерано жестоко реагираше. Но, и опозицискиот политичар Алексеј Навални направи сосем непотребна провокација. На специјален ден, на специјално место. 

Резултат: протестното движење, иницирано од самиот Навални, кој, како што се чини, стануваше сѐ поуспешен, набрзо би можело да исчезне. Зашто, неговиот харизматичен водач веќе не е достапен. И тогаш ќе ја снема нежната билка - демократијата во Русија. Тогаш, играта ќе биде завршена.

А тоа би било навистина тажно.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми