Нерешено во рајнското дерби
22 септември 2014По речиси три години конечно повторно се одржа рајнското дерби меѓу фудбалскиот клуб Келн и Борусија Менхенгладбах. Натпреварот меѓу контрахентите заврши без голови 0:0. За првпат во 40. меѓусебен дуел на двата клубови не беа постигнати голови, Келн со тоа и по 4. коло на Бунделигата остана непобеден и нема примено гол.
Одлична одбрана
Двата тимови во првите минути од натпреварот внимателно настапија, а шансите за гол недосасуваа. Пред очите на светскиот првак Лукас Подолски келњани ја изработија првата мала можност, која заврши надвор од голот. Во натамошниот тек на натпреварот гостите имаа сѐ повеќе контрoла на топката, но останаа безопасни. Келн ефективно бранеше и се обиде со контра напади да постигне успех. Во вториот дел од натправарот Менхенгладбах имаше шанса да поведе, но не ја искористи. Натпревар за љубителите на одбраната, офанзивата недостасуваше кај двата клуба.
Волфсбург подобар од Леверкузен
Претходно фановите на Волфсбург конечно имаа шанса за славје. Тимот на тренерот Дитер Хекинг со 4:1 ја постигна прва победа во оваа сезона против Леверкузен. Волфсбург по победата тргна уште на почетокот на натпреварот по црвениот картон за Донати од Леверкузен. По успешно изведениот единаестерец од Рикардо Родригез, Јосип Дрмиќ го израмни резултатот. Волфсбург меѓутоа повторно поведе пред крајот на првото полувреме. Во второто полувреме следуваа головите на Родригез во 63 минута и Арон Хунт во 80 минута. За Леверкузен тоа беше првиот пораз во актуелната сезона на Бундеслигата.
Шампионот Бајерн Минхен во саботата освои само бод на гостувањето во Хамбург, Падерборн и Аугсбург го искористија домашниот терен и ги освоија трите бода, додека Хофенхајм се радуваше во Штутгарт.
Постигнати резултати: Шалке – Ајнтрахт Франкфурт 2:2, Аугсбург – Вердер Бремен 4:2, Штутгарт – Хофенхајм 0:2, Хамбургер – Баерн Минхен 0:0, Падерборн – Хановер 2:0 и Мајнц – Борусија Дортмунд 2:0. Во петокот Фрајбург – Херта 2:2.