1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Несоодветна подготовка на екипажот за извршување на летот – причина за катастрофата на авионот на Трајковски

5 мај 2004

Денеска во Сараево поднесен конечниот извештај на комисијата за истрага на причините за несреќата

Остатоците од авионот во кој настрада македонскиот претседател
Остатоците од авионот во кој настрада македонскиот претседателФотографија: AP

Непосредна причина за несреќата на авионот, во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски, биле процедурални грешки на екипажот на авионот во приодот за слетување на аеродромот во Мостар, кои довеле до удар на авионот во теренот кај местото на несреќата. Вакво резиме изнесе денеска во Сараево Салко Бегиќ, претседател на Комисијата за спроведување истрага за причината за несреќата на 26-ти февруари, во која покрај претседателот Трајковски загинаа уште шест лица од неговата придружба, како и двајцата пилоти. Во конечниот извештај се наведува дека екипажот имал пропишани и важечки летачки дозволи и овластувања, бил здравствено способен и одморен, авионот бил опремен за инструметално летање и пред летот бил технички исправен. Екипажот бил правилно информиран за метеоролошките услови на маршрутата и на аеродромот во Мостар. Навигациските и комуникациски средства и уреди на аеродромот во времето на несреќата функционирале исправно, водењето на авионот од страна на контролорите за летање било во согласност со стандардите, се констатира во извештајот. На несреќата веројатно влијаела несоодветната подготовка на екипажот на авионот за извршување на летот, некористење на контролните листи во фазата на приод, недоволната меѓусебна професионална соработка на двајцата пилоти во текот на летот, решението на екипажот да изврши слетување со долна база на облаци пониска од висината од која треба да се види аеродромската писта, како и решението да продолжи летот и по губењето на сигналот со контролата на летање.

Објавувањето на конечниот извештај не значи и крај на истрагата – сега ќе ја продолжи обвинителствата на БиХ и на Македонија заради утврдување евентуална одговорност и на други лица за катастрофата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми