1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Несреќа во езеро во Австрија

1 јуни 2004

Во несреќа со брод што се случи во австриското езеро Зеегроте Хинтербрил, животот го загубија петмина туристи, од кои четворица Германци и една Белгијанка.

Бродот се превртел на само 150 метри од влезот на една пештера, и петтте жртви биле практично под вода заглавени како во кафез од трупот на бродот. Останатиот дел од патниците, при превртувањето на бродот паднале во студената вода, и можеле да го минат езерото поради тоа што водата во тој дел била длабока само меѓу 1,20 и 1,50. Дел од нив се пренесени во болница поради шок. И покрај сите обиди на мажите на три од жените кои ги загубија животите, да ги спасат и да ги извадат од под бродот, во тоа не успеале. Меѓу жртвите е и еден брачен пар кој славел златна свадба. Портпаролот на противпожарните екипи кои учествувале во акцијата на одвртување на бродот, Готфрид Бауер, изјави:

”Околу причините за несреќата во моментов не можеме да дадеме податоци. Се води истрага од страна на обвинителството и на судските власти. Факт е дека бродот имал сосема нормална тура по езерото и при враќањето, на само 150 метри од целта дошло до негово превртување. Зошто, во моментов никој не може да каже.”

Инаку, езерото, чија најголема длабочина изнесува два метри, годишно го посетуваат околу 200 илјади туристи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми