1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Десетици загинати во стампедо во Израел

Кристијан Валц
30 април 2021

Илјадници ултраортодоксни Евреи се собрале во Мерон на прославата ЛагБаОмер, каде поради избивање масовна паника дошло до неверојатна катастрофа: исходот е 44 мртви и преку 100 повредени лица.

Israel Berg Meron Lag B'Omer Fest Massenpanik
Фотографија: Magen David Adom/dpa/picture alliance

Во текот на одбележувањето на голем еврејски празник во северниот дел на Израел, поради избивање масовна паника, смртно настрадале повеќе десетици верници. Спасувачките служби и болниците јавуваат за најмалку 44 загинати луѓе, додека преку 100 се повредени, од кои дел имаат повреди опасни по живот.

Во соопштението на хуманитарната организација Маген Давид Адом (МДА) во раните утрински часови несреќата се нарекува „несфатлива катастрофа“. Портпарол на службата за итна помош Зака изјавил: „Во итната помош сум повеќе од 20 години и никогаш не сум видел нешто слично на ова овде.“

Се огласи и израелскиот претседател Ровен Ривлин, кој истакна дека ги следи медиумските извештаи од Мерон и се моли за оздравување на повредените. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху исто така изрази запрепастеност поради оваа трагедија, на Твитер порача дека во мислите е со стотината повредени.

Густо збиени луѓе на трибините пред несреќатаФотографија: Jalaa Marey/AFP/Getty Images

Густо збиени

На видео снимки објавени на социјалните мрежи можат да се видат слики на катастрофата на кои густо збиени верници опуштено пејат, плачат и скокаат. Полициските служби соопштија дека до избивање на масовната паника дошло откако некои верници се лизнале и паднале по скалите, а потоа и оние кои биле зад нив исто така почнале да паѓаат.

Спасувачки екипи на местоот на несреќатаФотографија: REUTERS

Иако тамошните власти го ограничиле бројот на учесници на прославата на 10.000 верници, според зборовите на организаторите, во Меро биле собрани најмалку 30.000 луѓе допатувани од цел Израел.

ЛагБаОмер е прослава со која меѓу другото се одбележува и еврејското востание против римските окупатори, кое траело од 132 до 135 година. На планината Мерон е погребан рабинот Шимон Бар Јохаи, кој учествувал во востанието, а неговиот гроб е место на кое доаѓаат масовно верници на аџилак.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми