1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нетанјаху : паралела меѓу Иран и нацистите

Гена Кетелс/ сн16 април 2015

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е голем противник на планираниот меѓународен договор за атомската програма на Иран. Нетанјаху и натаму предупредува од опасноста од Иран кого го спореди со нацистичка Германија

Фотографија: picture-alliance/dpa/A.B. Gershom

Депримирачки звук- цели две минути од точно десет часот наутро свиреа сирените во целата земја.

Две минути Израелците молчешкум им оддаваа почит на милионите Евреи убиени од странa на нацистите.

Вечерта се оддржа официјалната церемонија во Меморијалниот центар на Холокаустот- Јад Вашем во Ерусалим.

Израелскиот премиер го искористи неговиот говор и за актуелна политика. Тој повторно предупреди од опасноста од Иран- употребувајќи драстична споредба.

Нетанјаху повторно предупреди од опасноста од Иран

01:42

This browser does not support the video element.

„Исто како што нацистите стремеа да ја уништат цивилизацијата , да владеат со нивната „Врвна раса“ и да го истребat еврејскиот народ, така и Иран стреми да преземe контрола врз регионот со декларирана цел за уништување на државата на еврејскиот народ“, порача израелскиот премиер.

Нетанјаху ја повтори и неговата остра критика за договорот на Западот со Техеран за атомската програма на Иран:

„Лошиот договор со Иран покажува дека историските поуки не се научени. Западот попушта пред агресивните постапки на Иран“

За повеќето Израелци меѓутоа актуелните случувања барем на овој ден се потиснати во заднина а во преден план е сеќавањето, дури и откако сирените повторно замолкнуваат

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми