1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мрачни перспективи за нафтената индустрија

Клаус Улрих/сн13 декември 2015

Мрачни перспективи за нафтената индустрија. Некои дури предвидуваат дека еден барел нафта би можел наскоро да се нуди за само 20 американски долари! Таков развој на настаните воопшто не е безопасен...

Фотографија: picture-alliance/dpa

Поради преголемата глобална понуда, од средината на 2014. година, цената на нафтата е повеќе од преполовена. Во заднина на тој тренд е зголеменото производство во САД од шкрилци, со спорната фрекинг-техника. Прокрај тоа, побарувачката опаѓа како последица на економската слабост на најголемите потрошувачи како Кина и другите земји со забрзан раст. По најновиот пад на цената, пазарот на нафта донекаде се врати во мир. Во понеделникот (7.12.) цената беше 40,60 долари за барел, најниска во последните 7 години, за во меѓувреме да се врати на 40,94 долари за барел.

Одлуката на ОПЕК ги намали цените

До тоа дојде поради одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) донесена во петокот (4.12.) да ја задржи својата политика на високо производство. ОПЕК со тоа сигнализираше дека очигледно ја напушта својата стратегија во криза да го ограничи производство, оценува Санџив Шах, главен стратег во лондонската консултатантска фирма „Сан Глобал Инвестментс“.

Светска банка во наредната година гледа мала светла точка за земјите кои произведуваат нафта- таа предвидува просечна цена од 51 долар за барел за 2016. година. Тоа би било долар помалку од очекуваната просечна цена за 2015.

Еуген Вајнберг, специјалист за суровини од германската банка Комерцбанк, смета меѓутоа дека, по одлуката на ОПЕК, цената на нафтата ќе остане значително подолго на дното отколку што се мислеше: „Тоа нема да ги погоди само земјите на ОПЕК, туку и Русија, Мексико и Норвешка.“ Меѓународниот монетарен фонд смета дека проблеми ќе имаат и земји како Венецуела, Ирак и Нигерија.

Понудата веројатно останува висока

Се очекува дека понудата на нафтата ќе остане висока, предупредува Светска банка. Причина за тоа е враќањето на пазарот на уште еден голем произведувач- Иран. По постигнувањето компромис на Техеран со Западот во врска со нуклеарната програма, тој може повторно, енергично да започне со производство на нафта. „По укинувањето на санкциите, наше право е веднаш да се вратиме на производственото ниво кое го имавме, односно на нашето некогашно просечно ниво“, најави на почетокот на септември иранскиот министер за нафта Бијан Намдар Занганех.

Покрај тоа, центата на нафтата наредната година би можела да падне и поради слабеење на глобалната економија, што ја потиснува побарувачката за енергија. Според ММФ, драматичниот пад на цените на оваа суровина претставува еден од најголемите ризици за економијата. На тоа предупредува и Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА). „Пониските цени можеби се добра вест за потрошувачите, но постои ризик дека ќе изостанат неопходните инвестиции во производството на нафта“, предупредува ИЕА.

Притисокот на цената на нафтата ќе биде дури и поголем

Стручњаците дури предвидуваат оти цената на нафтата ќе се најде под уште поголем притисок. „Повторно се споменува цена од 20 долари за барел“, пишува во извештајот на организацијата „Енергџи Аспектс“. Во интервјуто за ДВ, Спенсер Велч, експерт за нафетниот пазар од лондонската консултатнтска фирма ИХС, потврдува дека цената на нафтата би можела дополнително да падне. „Ако цената на нафтата падне на речиси 20 долари за барел, понудата би се намалила и така повторно би пораснале цените“. Генерално, Велч смета оти ниската цена на нафтата е лоша за индустријата на фркаингот, но истовреме но и за натамошниот развој на обновливите извори на енергија.

„Ниските цени на нафтата и гасот во многу индустриски земји- вклучувајќи ги ја и Германија- делуваа дури како стимулативен пакет за економијата, поради тоа што ниските цени не се производ на ниска побарувачка, туку одлуки на ОПЕК. Оваа година, побарувачката за нафта би требало да порасне како ретко кога- тоа е веројатно последица на ниските цени на нафта“, заклучува Еуген Вајнберг.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми