1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Не стивнуваат реакциите за Косово

26 октомври 2005

Во светот не стивнуваат реакциите по завчерашната одлука на Советот за безбедност на ОН, од која произлезе одлука да почнат преговорите за конечниот статус на Косово.

Војници на КФОР на Косово
Војници на КФОР на КосовоФотографија: AP

Официјален Берлин ја поздрави одлуката на Советот за беѕбедност на ОН за почеток на преговорите за статусот на Косово. Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер ја истакна намерата на меѓународната заедница за создавање демократско Косово во кое сите ќе живеат во мир и беѕбедност.

Руските власти, пак истакнаа дека одлуката на Советот ѕа Беѕбедност на Светската Организација во целост се совпаѓа со ставовите на Кремљ , кој уште од почетокот се заложил советот да има централна улога во решавањето на проблемот. Според рускиот заменик министер за надворешни работи, Александар Јаковенко, без исполнување на стандардите не замисливо долгорочно стабилизирање и решение на проблемот.

И властите во Тирана ја поздравија одлуката за Косово. Претседателот на парламентот Јосефина Топали , по средбата со премиерот на покраината Бајрам Косуми истакна дека политичките сили во Албанија ја поддржуваат идејата за независно Косово.

Поддршка даде и македонскиот државемн врв. Премиерот Владо Бучковски вчера од Вашингтон ја поздрави одлуката на Советот за беѕбедност на ОН за Косово, а претседателот Бранко Црвенковски, преку својот кабинет посочи дека Македонија ќе го почитува секое решение што ќе произлезе пд преговорите ѕа идниот статус на Косово , но оти поважни се гаранциите дека во покраината ќе владеат правниот поредок и функционирањето на институциите на системот. ,, Во конечното решение на статусот на Косово неопходна ќе биде согласноста на соседните држави,, нагласи пак, аналитичарот на институтот на здружените воени сили во Лондон Џонатан Ајл. Според него, влијанието на соседите ќе биде минимално, но сепак многу значајно за Косово.

Македонија, тврди Ајл, се свесна дека не може да го запре одот на Косово кон независност, но таа ќе наиде на разбирање кај меѓународната заедница кога станува збор за гаранциите за нејзиниот територијален интегритет.

Во Белград и Приштина, по вчерашните први впечатоци од одлуката на Советот за безбедност за почеток на преговорите околу Косовскиот статус, атмосферата полека стивнува. На политичката сцена во Србија спласнува нервозата откако вчера , претседателот Борисав Тадиќ и премиерот Воислав Коштуница посочија дека одлуката била очекувана и оти претстои тежок период на сочување со притисоците од меѓународната заедница. Пример е изјавата на претседателката на координациониот центар за Косово, Сандра Рашковиќ, која што поред неколку дена беше против тн, шатл дипломатија за Косово.

,, Тоа не може да се иѕбегне и сметаме дека шатл дипломатијата е добра за почетокот на преговорите, реше Рашковиќ.

Од Приштина, пак, се огласи заменик премиерот Адем Салјихај:

,, На маса се и други опции за Косово, но меѓународните фактори споменуваат независност. Иако е услчовена со разни лимити, тоа сепак во основа е незавиност,, рече Салихај. Многу подиректен денеска беше шефот на кабинетот на косовскиот премиер.

,, Со приказната за Косово во рамките на Србија, српскиот премиер Коштуница сака да предизвика нова војна на Балканот“ изјави шефот на кабинетот на Косуми, Екрем Лука.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми