Нигерија
26 април 2007Реклама
Коалиција од повеќе од 20 опозициони партии повика на мирни протести во Нигерија по контроверзните претседателски избори одржани во текот на минатиот викенд. Опозицијата на тој начин има намера да постигне анулирање на изборите. Набљудувачите од земјата и странство претходно изјавија дека на изборите имало големи фалсификати. Независно од ваквите тврдења, во понеделникот кандидатот на владеачката партија, Умару Јарадуа се прогласи за победник. Тој во мај треба да го наследи претседателот Олесегун Обасанџо.