Низ кралските палати во Лондон
27 октомври 2011
Лондон е гравниот град на кралство Велика Британија: Оваа метропола се наоѓа меѓу модерната и англиската традиција, како циркусот Пикадили или Трафалгар сквер. Овде се среќаваат како Лондончани, така и туристи. И фотографот Кристофер Холт доаѓа често на Трафалгар сквер, една од централните сообраќајници во центарот на градот: „Трафалгар сквер е за мене поим за Лондон. Јас го обожавам овој плоштад полн со туристи. Тоа е перфектна појдовна точка доколку сакате да направите прошетка низ градот. Имено, од овде можете пеш да посетите голем број знаменитости“, објаснува фотографот Холт.
Кралската гарда исто така оди пеш. Смената на чуварите-гардисти пред палатата Бакингем, официјалната резиденција на британската кралица е омилено место за фотографирање на туристите. „Бакингем палатата е блескав симбол на кој веднаш помислувате кога ќе дојдете во Лондон. Многумина сакаат да дојдат овде за да ја видат кралицата. А, доколку знамето е кренато тогаш кралицата и навистина во моментот е дома“, објаснува Кристофер Холт.
Палатата Кенсингтон е последното престојувалитште на принцезата Диана. Лондон има повеќе кралски палати. Т.н.„Тауер“ замок е најстарата зграда на кралското семејство и се наоѓа покрај реката Темза. Овде личните гардисти на кралицата го чуваат нејзиниот кралски накит. Се’ додека овде има гаврани „Тауер“ нема да падне, вели една легенда. „’Тауер’ за мене е срцето на старата Англија. На ’Тауер’ помислувате кога зборувате за Хајнрих VIII и нашата историја. Симбол од тоа време се личните гардисти на кралицата. Овде се наоѓа душата на Лондон, ова е местото каде се’ започна“, објаснува со воодушевување фотографот Кристофер, кој го слика Лондон веќе десет години.
Светски познатиот мост „Тауер бриџ“ се наоѓа веднаш до замокот. Тој е вратата кон центарот на градот, односно финансиската област на градот. Нејзин симбол е 180 метри високата зграда „Гиркен“ со канцеларии, констуирана од познатиот архитект Норман Фостер.
Улицата Оксфорд, пак, е една од најважните шопинг-улици во градот. Оној, кој обожава поиндивидуелни работи, тој го посетува уличниот пазар „Кемден Лак“. Овде се среќаваат млади луѓе и оние кои се чувстуваат се’ уште млади од целиот свет, туристи и домашни граѓани. „Лондон е познат по неговите учични пазари, но „Кемден“ е нешто посебно. Овде владее една енергија, што може ретко да се почувствува на друго место. Овде можете едноставно да се турнете во толпата луѓе или да се напиете по една чаша вино покрај каналот. Ова е прекрасно место за сите генерации“, вели Кристофер.
Паркот „Хајд“ е зелените бели дробови на Лондон. Еден друг од многубројните паркови, Примроз Хил, се наоѓа на една висорманина на северот од Лондон. Ова место потсетува на селска идила, мирно е, а луѓето имаат од него фантастичен поглед. „Мислам дека архитектурата во Лондон е прекрасна. Таа потсетува на иднината, а освен тоа многу е разновидна. Таа го покажува финансисикот успех на градот, но и отвореноста, која ние како град ја покажуваме кон модерната архитектура. Таа обилува со многу варијанти и ни дава мала проба за нашите различни наклоности.“
Лондон е фасцинирачки светски град, кој секогаш одново може да се пронаоѓа и секогаш одново да се открива.
Автор: Јудит Либ / Бисера Огњановска Митров
Редактор: Александра Трајковска