1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Никнаа првите шатори пред Владата

Катерина Блажевска17 мај 2015

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека 4.600 активисти се пријавиле во континуитет да ноќеваат пред Владата и дека ќе останат таму се‘ додека владејачката гарнитура не поднесе оставка.

Фотографија: DW/K. Blazevska

По завршувањето на официјалниот дел од антивладиниот протест, во кој доминираа јавни обраќања, големата бина вечерва е размонтирана, поставена е помала, а неколку илјади лежалки, вреќи за спиење и шатори се растоварени на тревникот спроти зградата на Владата. Веќе никнаа и првите шатори, во кои ќе преноќат дел од учесниците на денешниот протест. Најавена е програма од 19 и 30 часот. Уште пред два дена лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека 4.600 активисти се пријавиле во континуитет да ноќеваат пред Владата и дека ќе останат таму се додека владејачката гарнитура не поднесе оставка.
Во протестната „камперска населба“ доминират пораките што денес граѓаните ги упатија до Владата и премиерот: „Оставка“, „Збогум Никола“, „демократија – сега!“, „Ти нема спас од народниот глас“...

Фотографија: DW/K. Blazevska
Фотографија: DW/K. Blazevska
Фотографија: DW/K. Blazevska
Фотографија: DW/K. Blazevska
Фотографија: DW/K. Blazevska
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми