1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Никој нема да троши биткоини на Тесла

Кристи Пледсон
10 февруари 2021

Фановите на криптовалутата беа воодушевени од растот на цената на биткоинот по големиот откуп од Тесла. Возбудата покажува зошто тој ќе има проблеми да стане нешто повеќе од алатка за инвестирање, смета Кристи Пледсон.

Symbolbild I TESLA und Bitcoin
Фотографија: STRMX/STRF/STAR MAX/IP/picture alliance

Откако започна наглиот раст на цените на биткоинот минатата есен, и се редеа рекорд по рекорд, експертите за криптовалути и ентузијастите велеа дека работите конечно се свртеле во вистинска насока. По повеќегодишна нестабилност, дигиталната валута оди главно по нагорна линија. Минатиот октомври ПејПал соопшти дека ќе почне да ја прифаќа дигиталната валута, а многумина предвидоа дека биткоинот ќе започне да добива долгорочна стабилност и институционална поддршка, кои се потребни за да стане широко користена валута.

Што е тогаш со фактот дека големиот откуп на биткоини од страна на Тесла ги зголеми цените на криптовалутата за околу 15 отсто?

Американскиот производител на електрични автомобили предводен од Илон Маск, еден од најбогатите луѓе во светот, на почетокот на неделата објави дека ќе инвестира 1,5 милијарди долари (1,24 милијарди евра), 10 насто од резервите на готовина на Тесла, во биткоин и дека ќе започне да прифаќа купувања со дигиталната валута.

Овој потег ја означува најголемата корпоративна набавка на биткоин досега и крипто-фановите разбирливо се исполнети со надеж. Но, тоа, исто така, го потенцира и трнливиот пат со кој се соочува биткоинот во обид да се трансформира од панк-рок инвестициска алатка во нужно здодевна валута, каква многумина тврдат дека ќе стане.

Маск се потпира на својата репутација

Интересот на Маск за криптовалутите не е тајна. Тој често пишува за биткоин и за другите дигитални валути на Твитер и е популарен меѓу крипто-фановите. Поважно прашање е зошто Тесла како компанија би вложила преку една милијарда долари во биткоин кога има толку многу сопствени проблеми во моментов. Производството на возила на Тесла сè уште заостанува зад побарувачката, а клиентите понекогаш чекаат со месеци за да го добијат нарачаното. И малку е направено за да се решат жалбите на работниците за ниските плати и лошите услови за работа. Зошто да не се насочат дел од тие 1,5 милијарди кон нив?

Повеќе:

-Ќе стане ли биткоинот „злато на милениумот“?

-Биткоин 2018 – по високиот лет следеше сртмоглав пад

-Десет години биткоин - кој ја создаде криптовалутата?

Една од причините би можела да биде дека вложувањето на Тесла во биткоин е помалку влегување во возбудлива инвестиција, а повеќе унапредување на јадрото на сопствениот бренд.

Кристи Пледсон, авторка на коментаротФотографија: Kristie Pladson

Тесла и Маск имаат репутација дека се на самиот врвот на технологијата. Овој последен потег е паметен начин да се поттикне продажбата кај демографската категорија, кој веќе има симпатии кон него. Фановите на биткоин (уште еднаш) се во центарот на вниманието. Можеби Маск сметаше дека е идеален момент да се искористи нивната добра волја кон него. Тесла прифаќа плаќања со биткоин е обврзана да ја зајакне имиџот на напредна компанија и да привлече барем неколку самонаречени визионери, кои ќе бидат повеќе од задоволни да плаќаат за автомобилот на иднината со валутата на иднината.

Тука е и аспектот за инвестирање. Маск е свесен дека криптовалутата е чувствителна. Тој знаеше дека цените на Биткоин веројатно ќе скокнат кога Тесла објави дека ќе започне да прифаќа биткоин. Сега згора на тоа додадете ги купените биткоини за 1,5 милијарди долари. Скокот од 15% на биткоинот што следуваше потоа значи дека Тесла веќе заработи четвртина милијарда долари од овој потфат.

Добра алатка за инвестиција - проблематично платежно средство

Колку и да е возбудлив растот на цената на биткоинот предизвикан од Тесла, повторно гледаме тип на нестабилност што не претскажува добро за иднината на биткоин како вистинско платежно средство.

Стабилното зголемување на цената го прави биткоинот атрактивна алатка за инвестиции. Меѓутоа, како средство за плаќање, тој репрезентира нешто попроблематично: дефлација. Во извештајот од новинската агенција Ројтерс, еден биткоин-ентузијаст вели дека жали што користел биткоини за да купи автомобил Тесла во 2016 година. Во тоа време, клиентот платил со биткоини во вредност од 130.000 американски долари за возилото, користејќи портал за плаќање со биткоини, услуга што им овозможува на трговците да прифатат трансакции со биткоин преку посредник.

Биткоин - богатство загубено на - депонија

01:33

This browser does not support the video element.

Тие 130.000 долари што ги потрошил на автомобилот денес би вределе над 14 милиони долари. „Новиот квалитет“ на плаќање со биткоин не беше доволен за да се надополни загубената вредност, рече тој.

Ако одеднаш целиот свет би користел биткоин, веднаш би се соочиле со огромна дефлација, бидејќи луѓето избираат да ја задржат валутата наместо да ја трошат,  спуштајќи ги на тој начин цените. Засега, биткоинот е премногу добра алатка за инвестиции за да биде корисна валута. Иронично, потегот на Тесла само го зајакнува тој факт, барем на краток рок.

Одобрувањето на биткоинот од страна на Тесла веројатно ќе ја зајакне довербата во криптовалутата и другите компании најверојатно ќе го следат примерот. Ако не инвестираат самите, тогаш тие веројатно ќе се придвижат кон прифаќање на  биткоинот како средство за плаќање, од страв да не загубат можни добивки.

Колку повеќе институции ќе се приклучат, толку повеќе причини ќе има да се верува дека вредноста на биткоинот ќе продолжи да расте. А со можноста сите други да го трошат, никој нема да го прави тоа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми