Нимиц: останувам на функцијата
28 мај 2007Реклама
Меѓународниот посредник за решавање на грчко – македонскиот спор со името Метју Нимиц изјаби дека годинава има намера да продолжи со напорите за изнаоѓање компромисно решение на проблемот. “Не смеам да ја прекинам посредничката мисија”, изјавил Нимиц за грчкиот весник Катимерини. Со оваа изјава на Нимиц се демантираат гласините во грчките весници дека тој во септември ќе се повлече од функцијата.