1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц: Старите идеи може да донесат нова динамика

ЖА/макфакс27 март 2014

Без напредок, но со согласност за интензивирање на преговорите за името, вака заврши најновата рунда во преговорите за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција кај посредникот Метју Нимиц во Њујорк.

Фотографија: MIA

Најновата рунда во преговорите за решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција со сличен епилог како и претходните, без напредок, но со согласност за интензивирање на разговорите меѓу двете страни. Посредникот на ОН, Метју Нимиц по средбата со преговарачите на двете страни, македонскиот амбасадор Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, соопшти дека и двете страни се задоволни од форматот во кој се водат преговорите.

„Немаше конкретни резултати од средбата. Имаше искрени и динамични разговори. Двете страни се согласија разговорите да се интензивираат. Страните се задоволни со овој формат на разговорите, можно е да организираме нова ваква средба во мај, како и јас подоцна да го посетам регионот. Свесен сум дека во тек се избори и избегнувам ситуација која би можела да го влоши проблемот“, изјави Нимиц по заедничката средба со двајцата преговарачи.

Во однос на евентуалните нови предлози, медијаторот без конкретен одговор, туку со порака дека старите идеи понекогаш може да донесат и нова динамика во обидите за изнаоѓање решение.

„Низ годините дадов повеќе предлози, и ниту еден од нив не ја доби безусловната поддршка на двете страни. Им реков на страните дека треба постојано да ги разгледуваме старите идеи, бидејќи можеби ќе најдеме нова виталност во нив, додека да се најде решение“, потенцираше Нимиц.

Американскиот дипломат, исто така, нагласи дека во моментов разговара со претставниците на повеќе земји кои се заинтересирани за решавањето на овој спор, илустрирајќи го примерот со германската канцеларка Ангела Меркел, со која тој кон крајот на минатата година разговараше по ова прашање.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми