1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ниските камати ги „грицкаат“ штедните влогови

П. Кристијан Бриц/З.Јордановски30 октомври 2015

Каматата стана важно средство за поттикнување на конјунктурата. Со години веќе каматната стапка се движи околу нула. Тоа има фатално влијание врз штедачите, кои со напнатост ги очекуваат одлуките на емисионите банки.

Фотографија: picture alliance/dpa Themendienst/Wuestenhagen

Економистите за актуелните каматни стапки велат дека се „историски ниски“ и тоа во никој случај не е претерување. Пет илјади години каматите не биле толку ниски! Експерти од Бенк оф Ингланд го следеле нивниот развој враќајќи се во минатото до 3000 години пред нашата ера. Тогаш каматите биле значително повисоки отколку денес оти најчесто пари на заем давале поединци, кои сакале соодветно да се обезбедат.

Денес емисионите (националните) банки ги одредуваат каматите, кои станаа важно средство за поттикнување на конјунктурата. Минатите години каматите постојано се движеа се’ поблиску до магичната бројка 0. Тука е крај, би можело да се помисли. Но, можно е да се оди уште подолу, дури и во негативни камати. За штедачите тоа има фатални последици, посебно за Германците кои се познати како пасионирани штедачи.

Веќе подолго време Германците не добиваат ништо ако уплатуваат пари на штедна книшка. Европската централна банка (ЕЦБ) им позајмува пари на деловните банки со камати во близина на нула проценти, а тоа деловните банки го пренесуваат врз нивните клиенти. Така штедачот веќе не добива ништо од тоа што ќе има пари на штедната книшка. Напротив, во моментов губи, како што документира една банкарска студија.
Политиката на нула проценти камата на ЕЦБ ги чини милијарди евра германските приватни буџети, тврди банката ДЦ. Во еден теориски модел таа пресмета дека ниските камати за пет години во просек го чинеа секој штедач околу 1.400 евра.

Германската емисиона Бундесбанка ја смета за претерана критиката на каматната политика на ЕЦБ, со аргументи дека за штедачите не е релевантна каматната стапка, туку нејзиниот сооднос со инфлацијата. Ако од каматите ја извадиме инфлацијата ќе се види што навистина добива штедачот. Тоа е таканаречената реална камата. А таа во минатото веќе беше многу пониска, на пример во раните 90-ти години на минатиот век или на преминот во нов милениум, велат во Бундесбанката.
Натамошен нивен аргумент против критиката на политиката на ниски камати е дека притоа се заборава оти значителен дел од германскиот имот се состои од акции, хартии од вредност и права од осигурувања. Токму пазарите на акции профитираат од ниските камати.

Конечно, ниските камати речиси и немаат влијание врз штедливото однесување на Германците. Тие и натаму секоја година тргаат на страна околу 9 проценти од своите пари.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми