1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ниту трага ниту глас од руските вакцини

ДТЗ
1 јуни 2021

Вакцините „Спутник“ не пристигнаа на крајот на мај, поради што здравствените власти бараат одговор од руската амбасада што се случило со дистрибуцијата

Russland Chuvashia | Corona-Impfstoff | Sputnik V
Фотографија: Semyon Antonov/TASS/dpa/picture alliance

Нема ниту трага ниту глас од руските вакцини „Спутник“, кои требаше да пристигнат во С. Македонија  до крајот на мај. Министерот за здравство Венко Филипче побарал  информација од Амбасадата на Руската Федерација зошто доцни испораката на вакцините. „Спутник беше најавено дека ќе стигнат на крајот на мај, но не дојдоа, вчера разговарав со рускиот амбасадор и тој зеде обврска да искомуницира со Институтот во Москва и да даде повратни информации“, изјави денеска Филипче по посетата на Клиниката за детски болести.
Со рускиот производител се договорени 200.000 дози од кои досега се пристигнати само 6.000, а останатите требаше да бидат испорачани до крајот на мај. Но, во меѓувреме, сенка врз македонско-руските односи фрли случајот со протерувањето  руски дипломат од земјата, што беше оценето од руската страна како непријателски чин кон дипломатската мисија во Скопје. „Ние силно ги осудуваме ваквите немотивирани активности, кои не можат, а да не влијаат на односите меѓу Русија и Северна Македонија“, соопшти неодамна руското МНР. 
Русија најави контрамерки кон С.Македонија, но не прецизираше што планира да преземе откако на рускиот дипломат му беа дадени седум дена да ја напушти С. Македонија. Како причина за протерување на дипломатот се посочуваа активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат.

Застој во имунизацијата нема да има

И покрај доцнењето на руските вакцини, надлежните се децидни дека застој во имунизацијата нема да има. Во првите десетина дена од јуни, се очекуваат и кинеските вакцини „Синовак“.
„Масовната вакцинација нема да запре. Вчера стигнаа нови количини од ‘Фајзер‘, а неделава очекуваме донација од Бугарија и Грција. Можно е нешто да се намали бројот на вакцинирани, но тоа ќе биде така само оваа недела, од следната недела со сите тие што ќе пристигнат ќе имаме поголема вакцинација“, вели Филипче.

-повеќе на темата: Филипче најави можна вакцинација и на деца од 12 до 16 години

Во моментов, за прва доза има околу 15.000 вакцини откако вчера стасаа 11.700 вакцини ,,Фајзер”, од кои 7.020 се преку директни преговори со производителот, а 4680 дози се од Европската Унија. Поради тоа, дневно со прва доза се вакцинираат околу 2.000 лица, за разлика од претходниот период кога дневната брјка достигнуваше и над 10.000 граѓани. Намалено темпо на вакцинација ќе има само неделава. 
Најавените донации од 70. 000 вакцини од Бугарија и од Грција  најверојатно ќе бидат вакцини на „Астра Зенека“ и ќе бидат искористени за вакцинација на граѓаните над 60 години.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми