Ни Заев, ниту ВМРО-ДПМНЕ знаат каде е Груевски
13 ноември 2018![Mazedonien Premierminister Nikola Gruevski & Zoran Zaev SDSM](https://static.dw.com/image/16864622_800.webp)
Премиерот Зоран Заев бара да се остават службите да го решат случајот околу можното бегство на експремиерот Никола Груевски од државата. Според Заев, прво треба да се утврди дали Груевски навистина е во бегство, но отфрла каква било одговорност за институциите кои не успеале да го спречат евентуалното негово бегство.
„Полицијата без налог не смееше ниту да го следи, ниту пак да му се доближи на Груевски, ниту пак да презема некакви активности, изминатите денови. За тоа постојат судски наредби. Сега има налог за потерница која е распишана. Институциите верувам дека ќе ја завршат работата без да ги повредат неговите права и без да биде повреден законот“, вели Заев.
Засега никој нема одговор на прашањето како успеал Груевски да ја напушти државата без лични документи. Кривичниот суд потврди дека на Груевски му се одземени и приватниот и дипломатскиот пасош.