Ни Тадиќ не помогна да се тргнат барикадите
24 октомври 2011Градоначалникот на општината Зубин Поток, Славиша Ристиќ, по синоќешната средба со претседателот Борис Тадиќ во Белград порача дека неговите сонародници остануваат на барикадите и нема да дозволат минување ниту на возилата на КФОР, ниту на ЕУЛЕКС. Градоначалниците на четирите српски општини го отфрлиле барањето на Тадиќ да овозможат непречен сообраќај.
Со тоа пропаднаа сите обиди за посредување во спорот. Српското население веќе еден месец постаува барикади на пристапните патишта до двата спорни гранични премиени во северниот дел на Косово. Моментално ги има околу 20, а локалното население останува на барикадите и покрај лошото време. Тоа бара повлекување на косовските цариници и гранични полицајци од премините кон Србија, и враќање на српските цариници. САД и поголемиот дел европски земји го отфрлаат ваквото барање.
Автор: ГЧ/ дпа/ дв
Редактор: А. Трајковска