Нобеловата награда за литература за Боб Дилан
13 октомври 2016![Bob Dylan](https://static.dw.com/image/36031660_800.webp)
Името на Боб Дилан околу 20 години се појавуваше редовно меѓу номинираните за Нобеловата награда за литература и постојано наградувани беа други. Жирито сѐ до годинава сметаше дека е пресмело наградата да му биде доделна на еден музичар, па макар тој бил и најпознатиот текстописец на планетата. 75-годишниот Боб Дилан, кој е нарекуван и „Пикасо на музиката“, наградата ја добива за своите „поетски иновации“ во пишувањето текстови за песни, соопшти жирито.
Сигурно, ќе има и такви кои ќе прашуваат дали текстовите на рок-револуционерот Дилан се литература во вистинска смисла на зборот и дали жирито овојпат навистина не можеше да најде „вистински“ писател, чии литературни достигнувања може да се оценат повисоко од оние на стариот пејач со рапав глас. Сепак, повеќето ќе признаат дека речиси 50 години по почетокот на кариерата на Дилан, авторот на фолк, блуз и рок лирика, е добитник за почит. Освен тоа, одлуката претставува пресврт и значи пробив за рок и поп музиката.