1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Нобеловата награда за медицина за американски научници

ЕМФ /агенции
2 октомври 2017

Американските научници Џефри Хол, Мајкл Росбаш и Мајкл Јанг се добитници на годинешната Нобелова награда за медицина.

Schweden - Vergabe des Nobelpreises für Medizin - Jeffrey C. Hall, Michael Rosbash and Michael W. Young
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Nackstrand

Нобеловата награда за медицина во рацете на американските научници оди за нивните истражувања на молекуларните механизми на контрола на ритамот спиење-будење, соопшти Комитетот за доделување на наградата денеска во Стокхолм. „Нивните откритија објаснуваат како растенијата, животните и луѓето го прилагодуваат на својот биоритам за да се прилагодат на промените на планетата“, се вели во образложението.

Хол, Росбаш и Јанг ја делат наградата тешка 9 милиони шведски круни (околу 940.000 евра). Наградата ќе им биде врачена на 10 декември во Стокхолм.

Минатата година добитник на наградата беше јапонскиот молекуларен биолог Јошинори Охсуми. Тој наградата ја доби за истражување на аутофагијата, клучен механизам за обнова на клетките и реакцијата на организмите на глад и инфекции.

Фотографија: Getty Images/AFP/J. Nackstrand

Со објавувањето на добитникот на наградата за медицина, како и секоја година, почнува сезоната на Нобелови награди. Утре треба да биде објавен добитникот на наградата за физика, а во среда - за хемија. Добитникот на Нобеловата награда за литература ќе биде објавен во четврток, а во петок, во Осло, ќе биде објавен добитникот на Нобеловата награда за мир. На крајот, наредниот понеделник се објавува името на носителот на Нобеловата награда за економија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми