1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Нобеловата награда за физика за тројца американски научници

СН/ агенции
4 октомври 2016

Нобеловиот комитет им оддава признание на тројцата научници за „теоретско откривање на тополошката фаза на транзиција и тополошката фаза на материјата“

Schweden Bekanntgabe Physik-Nobelpreis 2016 in Stockholm
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Nackstrand

Шведската кралска академија на науки соопшти денеска дека наградата ја добија Дејвид Џеј Тулес од Унивезитетот Вашингтон во Сиетл, Данкан Халдејн од Универзитетот Принстон и Мајкл Костерлиц од Универзитетот Браун. Половина од наградата ја доби Тулес, а по четвртина Халдејн и Костерлиц.

Ним им е оддадено признание за теоретска работа на „тополошката фаза на транзиција и тополошката фаза на материјата“. Во прашање е истражување за електрична спроводливост на екстремно тенки површини кои можат да се сметаат за дводимензионални.

„Годинешните лауреати ги отворија вратите на еден непознат свет во кој материјата може да има необични состојби. Искористија математички методи за проучување на необични фази или состојби на материјата, како суперпроводници, суперфлуиди или тенки магнетни слоеви“, се наведува во соопштението. Во текстот се додава дека ова истражување може да има примена во иднината во науката за материјалите и во електрониката.

Во почетокот на 70-тите години Мајкл Костерлиц и Дејвид Тулес ја променија дотогаш актуелната теорија дека суперпроводливост или суперфлуидност не можат да се појават во потенките слоеви на материјата. Тие демонстрираа оти суперпроводливост може да се случи на пониски температури и го објаснија механизмот, транзицијата на фазите, кој делува суперпроводливоста да исчезне на повисоки температури.

Фотографија: picture-alliance/dpa/Kay Nietfeld

Тулес во 80-тите можеше да ги објасни поранешните експерименти благодарејќи на тенките слоеви материјали кои го спроведуваат електрицитетот и кај кои електричниот отпор може прецизно да се мери.

Речиси во исто време, Данкан Хелдејн откри како тополошките концепти можат да се користат за разбирање на својствата на синџирите мали магнети какви што се наоѓаат во одделни материјали.

Сега знаеме за многу тополошки фази, не само во тенките слоеви и нитки, туку и во обичните тродимезионални материјали.

За време на измината деценија, оваа област поттикна голем број истражувања во областа на физиката за кондензираните материјали, а има надеж дека таквите материјали ќе се користат во изградба на нови генерации во електрониката и суперпроводниците за идните квантни компјутери.

Тулес е роден 1943. година во Берсден. Докторирал на Универзитетот Корнел во САД во 1958. година, а денес е почесен професор на Универзитетот во Вашингтон. Халдејн е роден 1951. година во Лондон. Докторирал на Уноверзитетот Кембриџ 1958. година, а денес е професор по физика на Универзитетот Принстон во Америка. Костерлиц е роден 1942. година во Абердин. Докторирал на Универзитетот Оксфорд, а денес предава физика на Универзитетот Браун во САД.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми