Нобелова нагарада за физика
9 октомври 2008За лаиците се тешко сфатливи откритијата за кои физичарите Јоичиро Намбу, Макото Кобајаши и Тошихиде Маскава ја добија Нобеловата награда за физика. Станува збор за најмалите составни делови на материјата, за симетричност и асиметричност на материјата, за материја и антиматерија, станува збор за теоретската елементарна физика. Конечно станува збор за разбирање, како е граден и како настанал нашиот универзум.
Плод на долгогодишна работа
Најважните работи на тројцата Нобеловци се од поодамна, од 60- тите и 70-тите години на минатиот век, но тие и‘ дадоа белег на модерната физика.
Денес 87 годишниот Јоичиро Намбу, пред 40 години бил толку напреден во своите научни гледања, што дури ни колегите не можеле сосем да го разберат. Намбу вели дека бил воодушевен кога дознал дека е носител на наградата, и оти таа е круна на неговата работа. Од 1970- та година Намбу е американски државјанин, но студирал и докторирал во Токио. Беше професор по физика на универзитетот во Осака, а потоа и на универзитетот во Чикаго, каде и денес е активен, иако е во пензија. Се смета дека Намбу има водечка улога во развојот на модерната елементарна физика. Тој откри и дека елементарните честички, наречени кваркови, поседуваат дополнителна особина да придобиваат боја, и ги опиша како зелени, црвени и сини кваркови. Честичките кварк се фундаментални елементи, од кои е создадена материјата.
Теорија за третата генерација честички
И другите двајца носители на Нобеловата награда, Макото Кобајаши и Тошихиде Маскава, наградата ја добија меѓу другото и за истражувањата на кварк честичките.
64 годишниот Кобајаши во текот на целата негова кариера остана во Јапонија. Од 1979 година работеше во еден јапонски акцлератор за честички, а извесен период беше и негов директор.
Во 70- тите години Кобајаши, заедно со третиот носител на годиншната Нобелова награда за физика, Тошихиде Маскава, објавија текст, што им донесе голема слава. Во него тие ја опишаа и теоретски ја докажаа теоријата на третата генерација на честички. Четири години подоцна кварковите и експериментално беа докажани.
И 68 годишниот Маскава целата своја научна кариера ја мина во Јапонија. Од 2003 година, иако е во пензија, предава на универзитетот во Кјото.
Научникот се надева дека младите луѓе повеќе ќе и‘ се посветат на науката и нема да ја сметаат за „забава“.