1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Нобелова награда за една физичарка и двајца физичари

СН/ агенции
2 октомври 2018

Годинешната Нобелова награда за физика ја добија Артур Ашкин од САД, Жерар Муру од Франција и Дона Стрикланд за откритија во областа на ласерската физика

Nobelpreis für Physik 2018 Arthur Ashkin Gerard Mourou Donna Strickland
Фотографија: Reuters/TT News Agency

Артур Ашкин ја доби наградата за откривање на „оптичките пинцети“ и нивна примена во биолошките системи, соопшти денеска Нобеловиот комитет.

Вториот дел од наградата ја добија Жерар Муру и  Дона Стрикланд за методата на создавање високо интензивни, ултракратки пулсеви.

Нобеловиот комитет наведе дека откритијата наградени годинава донесоа револуција во физиката за ласери.

Ашкин ги откри „оптичките пинцети“ кои можат да фатат честици, атоми, вируси и други живи ќелии со своите ласерски зраци. Новите орудија му овозможија на Ашкин да го оствари стариот сон на научната фантастика- да се искористи притисокот на светлината за придвижување физички објекти.

Големот пробив се случи во 1987 година, кога Ашкин ги користеше овие „пинцети“ за да фати жива бактерија, а да не ја оштети. Тој потоа започна да ги проучува билошките системи, а сега „оптичките пинцети“ се во широка употреба во истражувањето за механизмите на живот.

Муру и Стркланд го поплочија патот кон најкусите и најинтензивните ласерски пулсеви. Користејќи го својот генијален пристап, наведе Нобеловиот комитет, тие успејаа да создадат ултракратки ласериски пулсеви со висок интензитет.

Нивниот метод, меѓу останатото, најде примена во корективните операции на очи.

Ашкин е најстариот добитник на Нобелова награда.

Со 96 години Ашкин, соработник во Бел лабораториите во Њу Џерси, е 6 години постар од Леонид Харвиц кога ја доби наградата за економија во 2007 година. Добитникот на наградата за економија во 2012 година Лојд Шапли тогаш имаше 89 години.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми