Нобелова награда за литература за Абдулразак Гурнах
ЖА / агенции
7 октомври 2021
Писателот Абдулразак Гурнах ја доби наградата за бескомпромисно и сочувствително претставување на последиците на колонијализмот и судбината на бегалците во своите дела.
Реклама
Нобеловата награда за литература оваа година му припадна на Абдулразак Гурнах, по потекло од Занзибар, а кој од крајот на 60-те години живее во Велика Британија. Во своите дела тој „бескомпромисно и со емпатија ги претставува последиците на колонијализмот и судбината на бегалците, кои мораа да го премостуваат огромниот јаз меѓу културите и континентите", стои во образложението на Шведската академија објавено денеска во Стокхолм.
Гурнах има објавено десет романи и бројни кратки раскази, а негов најпознат роман е „Загубениот рај“, кој од печат излезе во 1984 година, а чие дејство се одвива во колонијална Источна Африка за време на Првата светска војна, номиниран и за престижната награда Букер.
Нобелова награда за литература - не одеше секогаш „подмачкано“
Годинава, поради скандали со корупција и сексуални напади, Нобелова награда за литература нема да се доделува. Но и порано имаше проблеми и контроверзи во врска со ова најважно книжевно признание.
Фотографија: picture alliance/dpa/V.Bucci
Закани по живот: Салман Ружди
Романот на Ружди, „Сатански стихови“ (1988), иранскиот врховен верски поглавар, го сметаше за богохулство, па објави „фатва“, награда за главата на писателот. Ружди со години потоа мораше да се крие. Шведската академија тогаш не зазеде став, па двајца членови на жирито си дадоа оставки. Дури 27 години подоцна, Академијата ги осуди заканите.
Фотографија: Getty Images for Christian Dior Couture/N. Hunt
Доцно признание за „првенецот“ на Томас Ман
Кога Томас Ман ја доби наградата во 1929. година, тоа не беше за неговиот тогаш од печат излезен роман „Волшебен брег“, туку за неговиот дебитантски роман, „Буденброкови“, во тоа време стар 30 години. Жирито романот „Волшебен брег“ го сметал за „развлечен и флегматичен“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Bifab
Не е литература, но сепак се силни зборови - Винстон Черчил
Британскиот премиер Винстон Черчил всушност бил кандидат за Нобелова награда за мир, двапати бил на листата. Во 1953. тој ја доби наградата, но - за литература. Жирито ја фалеше неговата историска и биографска книга за Втората светска војна поради „реторичката уметност со која ги бранел човековите права.“
Фотографија: picture-alliance/AP-Photo
Не смееше да ја прими наградата: Борис Пастернак
Советскиот автор, светски познат по неговиот роман „Доктор Живаго“, беше одликуван во 1958. Но, неговата влада му се закани со прогон ако ја прими наградата. Пастернак попушти, а Здружението на писатели го исклучи од своите редови. Сепак, Пастернак остана во Советскиот Сојуз. Неговиот син во 1989. година во Стокхолм го прими Нобеловиот медал на својот татко.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Tass
Ги сакал само парите: Жан-Пол Сартр
Во 1964. година Нобеловата награда требаше да ја прими францускиот драматург и филозоф Жан-Пол Сартр. Неочекувано, тој го одби признанието („Секоја награда создава зависност“.) Се зборува дека години подоцна, одоколу се распрашувал дали сепак не може да ги добие парите - 273.000 шведски круни. Но, ова е веројатно само измислена анегдота.
Фотографија: picture alliance/AP Images
„Тоа не е литература“: Дарио Фо
Тој е само „забавен уличен циркузант, а не автор од светска класа“, критикуваше револтираната литературна елита кога во 1997. година беше одликуван италијанскиот драматург Дарио Фо. Како сатиричар, тој возврати во свој стил. На својот говор во Шведската академија тој му даде наслов „ Против отворените улични циркузанти“ и свеченото доделување на наградата го претвори во сатирично шоу.
Фотографија: Vittorio Zunino Celotto/Getty Images
Премногу луѓе: Елфриде Јелинек
Австриската писателка Елфриде Јелинек не сакаше да присуствува на доделувањето на наградите, кога беше одликувана во 2004. година. Образложение: има страв од голема публика и ненадејната популарност. „Психички не сум во состојба лично да се соочам со ова,“ порача Јелинек, а жирито тоа мораше да го прифати. Сепак, Јелинек одржа говор, преку видео-порака.
Фотографија: Imago/Leemage/S. Bassouls
Не сакаше да зборува: Боб Дилан
Боб Дилан е прв музичар кој доби Нобелова награда за литература, во 2016. година. Музичкиот свет го славеше поради тоа. Но, Дилан се дистанцираше и се чинеше незаинтересиран за своето високо признание. Тој го откажа учеството на свеченото врачување и не испрати ни свој говор. Во март 2017. година сепак отиде накратко во Стокхолм и си го зеде својот медал.
Фотографија: picture alliance/dpa/V.Bucci
8 фотографии1 | 8
Набљудувачите веќе очекуваа дека Шведската академија годинава ќе фрли поглед прилично далеку, откако во изминатите години одликуваше претежно европски и северноамерикански автори, како американската лиричарка Луиз Глик. За фаворити се сметаат на пример авторката по потекло од Нигерија – Нгози Адичи, Индиецот Викрам Сет, Кинезот Лиао Јиву и Миа Коуто од Мозамбик.
Нобеловата награда за литература е четврта која беше објавена оваа недела, по признанијата од областа на медицината, физиката и хемијата. Утре ќе биде познат и добитникот на Нобеловата награда за мир, а в понеделник ќе биде соопштен и добитникот на одликувањето од областа на економските науки.