1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Нобелова награда за откривање на вирусот Хепатитис Ц

ЕМФ | агенции
5 октомври 2020

Нобеловата награда за медицина во година на пандемија оди во рацете на тројца виролози.

Nobelpreis für Medizin 2020 Harvey J. Alter, Michael Houghton, Charles M. Rice
Фотографија: Claudio Bresciani/TT/picture-alliance

Нобеловата награда за медицина годинава ја добиваат Американците Харви Ј. Алтер и Чарлс М. Рајс, како и Британецот Мајкл Хаутон, за откривањето на вирусот Хепатитис Ц. Благодарение на тоа, болеста Хепатисис Ц во меѓувреме може сосема да се излекува. Според соопштението на Каролинска-институтот во Стокхолм, тројцата научници ја пронашле причината за случаите на хроничен Хепатитис и овозможиле анализи на крвта и нови лекови кои спасиле милиони животи.

Наградата оди во рацете на „тројца научници кои имаат голем придонес во борбата против хепатитисот“, обjaсни Нобеловиот комитет, од каде се додава дека „болеста претставува голем глобален здравствен проблем, кој предизвикува цироза и рак на црниот дроб кај луѓето ширум светот“.

Повеќе:Недела на Нобеловата награда - дали во 2020 ќе има повеќе жени лауреати?

Со доделувањето на Нобеловата награда за медицина вообичаено почнува неделата на Нобелови награди. Наградата за медицина се доделува од 1901 година, исто како и Нобеловите награди за физика, хемија, литература и за мир. Шведскиот истражувач и индустријалец Алфред Нобел, кој починал пет години претходно, во својот тестамент наложил главницата од неговиот имот да оди во посебна фондација. Од добивката од производството на динамит почнало доделување награди на личности со посебни заслуги за човештвото.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми