Нобелова награда за мир за етиопскиот премиер Абиј Ахмед Али
11 октомври 2019![Friedensnobelpreis 2019 Äthiopien | Ministerpräsident Abiy Ahmed](https://static.dw.com/image/50792164_800.webp)
Етиопскиот премиер Абиј Ахмед Али ја добива наградата за мир за својот ангажман за мир и меѓународна соработка, а пред сѐ за својата иницијатива за решение на граничниот конфликт со соседна Еритреја, соопшти денеска Нобеловиот комитет во Осло.
Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во својата честитка до етиопскиот премиер оценува дека тој е „навистина истакнат лидер во Африка“, чија „храброст и далекугледост се пример и надвор од границите на Африка“.
„Премиерот Абиј во најкус можен рок оствари работи кои никој не сметаше дека се можни: мировен процес по децениски непомирливи конфликти со соседна Еритреја, мирен, демократски пресврт во Етиопија, а премиерот Абиј имаше голем удел и во соседен Судан како посредник помеѓу армијата и демонстрантите“.
Годинава за Нобеловата награда за мир беа номинирани 223 лица и 78 организации, меѓу кои и македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за Преспанскиот договор.