Нобелова награда за таткото на „децата од епрувета“
4 октомври 2010Каролинска институтот во Стокхолм го избра британскиот физиолог Роберт Едвардс како единствен носител на Нобеловата награда за медицина во 2010 година. Во образложението се вели дека тој со истражувачката дејност им помогнал на голем број луѓе да добијат потомство. Според научните истражувања, дури 10% од брачните парови во светот не можат да добијат деца по природен пат. Благодарејќи на револуционерното откритие на Едвардс, денеска на светот има веќе 4 милиони деца, кои се зачнати во епрувета. Првиот доказ за успешноста на новата технологија дојде на 25 јули 1978 година, со раѓањето на Луиз Браун, која денес живее во Велика Британија и која зачнала и родила дете по природен пат.
Првата идеја за вештачко оплодување Роберт Едвардс ја имал веќе во 50-тите години од минатиот век, но до нејзината реализација морал да работи многу напорно, откривајќи многу важни закони на оплодувањето на луѓето, се вели во образложението на Нобеловиот комитет. Згора на тоа, морал да се бори и со големите отпори во јавноста и естаблишментот.
Бидејќи Робертс и неговиот колега ја чувале тајната првите години, во Германија првото дете од епрувета се роди дури во април 1982 година.
Автор: ГЧ/ЖА/дпа/афп
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска