1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нобелова награда за физика 2004 година

14 октомври 2004

Нобеловата награда за физика оваа година им беше доделена на тројцата американски физичари Дејвид Грос, Дејвид Полицер и Френк Вилчек за нивните истражувања на силите кои владеат во јадрото на атомите.

На прв поглед природата околу нас изгледа многу едноставно, барем физички. Постојат гасовити, течни и тврди материи, и кога едно тврдо тело од одредена висина ќе го пуштиме од рацете надолу го повлекува силата на гравитацијата. Но како и се друго во животот кога природата поблиску ќе ја погледнеме и ќе размислиме за силите кои владеат во неа се станува покомпликувано.

Целата материја во природата се состои од основни елементарни честички. Порано тоа беа протоните и неутроните во јадрото на атомот и електроните кои кружат околу него, како планетите околу нашето сонце. Во меѓувреме физичарите познаваат мноштво помали елементарни честички, меѓу нив и кварковите кои се составни делови на атомското јадро. Помеѓу кварковите владеат четири основни сили на физиката од кои најпознатата е силата на гравитацијата. Друга сила е силата на меѓусебното влијание наречена јадрена сила, и токму со неа е поврзана овогодишната нобелова награда. Тројцата физичари Грос, Полицер и Вилчек по долгогодишни теоретски сипитувања дошле до заклучок дека јадрената сила помеѓу кварковите се однесува парадоксално. Колку поблиску стојат овие честички една до друга толку послаба е силата помеѓу нив. Кога ќе се оддалечат тогаш и силата се појачува. Илустративен пример за овој феномен, наречен “асимптотска слобода” е дејството на ластик или гумен ремен. Колку повеќе тој се оптегнува толку повеќе се зголемува силата која го враќа во првобитната положба. Професорот по физика Ларс Бергштрем за откритието вели:

“Една цела генерација на физичари мислеше дека можеби никогаш нема да разбереме како дејствуваат силите во атомското јадро. Но со помош на истражувањата на Грос, Полицер и Вилчек сега разбираме многу повеќе, а нивните пресметки и теоријата можевме да ги потврдиме во повеќе експерименти”.

Благодарение на откритието на Грос, Полицер и Вилчек, физичарите од целиот свет се еден чекор поблиску до остварувањето на нивниот голем сон: до откривањето на светската формула, една единствена теорија, која објаснува се,-целиот свет и целиот универзум. Но и покрај тоа недостасува уште нешто, а тоа е силата на гравитацијата. Што навистина го влече јаболкото кон земјата е едно од сеуште отворените прашања во физиката и се разбира предмет на идни нобелови награди.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми