1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Нобелова награда за развој на криоелектронската микроскопија

ЕМФ /агенции
4 октомври 2017

Нобеловата награда за хемија годинава оди во рацете на Жак Дубоше, Јоахим Франк и Ричард Хендерсон за развој на криоелектронската микроскопија.

Schweden Stockholm Bekanntgabe Nobelpreis Chemie
Фотографија: Reuters/TT News Agency/C. Bresciani

Научниците од Швајцарија, САД и Велика Британија ја добија Нобеловата награда за развој на методот за подобро претставување на биомолекулите. Методот овозможува нов поглед на „молекулите на животот“, соопшти првиот човек на Шведската академија на науки, Горан Хансон. Криоелектронската микроскопија на научниците им овозможува да ги видат и набљудуваат биолошките молекули, а методот за подобро претставување дава можност за тридимензионална илустрација на молекулите.

Јоахим Франк, кој има американско државјанство, по потекло е Германец. Веста дека ја добил Нобеловата награда толку го возбудила, што, како што раскажува самиот, постојано повторувал една иста реченица: „Тоа се извонредни новости.“ 77-годишниот научник изјави дека бил уверен оти шансите за наградата се „минимални“.

Фотографија: The Royal Swedish Academy of Sciences/Martin Högbom

Минатата година Нобеловата награда за хемија ја добија Французинот Жан-Пјер Соваж, Британецот Џејмс Фрејзер Стодарт и Холанѓанецот Бернард Феринга за развојот на молекуларни машини.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми