1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новата влада на Палестинците поднесе заклетва

АТ/ дпа/ртр/афп2 јуни 2014

За првпат по расколот меѓу Палестинците пред седум години повторно има единствена влада од Фатах и Хамас. Двете страни постигнаа согласност кратко пред поднесувањето заклетва на министрите.

Фотографија: Reuters

Претседателот на Палестинците Махмуд Абас во Рамала го претстави владиниот кабинет под водство на премиерот Рами Хамадал. Преодната влада со 17 министри се состои од експерти, кои не му припаѓаат ни на умерениот Фатах на Абас, ниту на радикално-исламистичкиот Хамас.

Членовите на новата влада поднесоа заклетва, а церемонијата беше пренесувана преку телевизија. Тројца министри од Појасот Газа не можеа да бидат присутни. Ним Израел не им одобри влез на Западниот брег.

Спогодба кратко пред поднесувањето заклетва

Кратко пред министрите да поднесат заклетва, Хамас и Фатах постигнаа согласност за ресорот за затворениците. Притоа стануваше збор за прашањето дали и натаму треба да има министерство за работи на Палестинците уапсени од Израел. Абас сакаше да го избрише министерството од портфолиото на владата, додека Хамас сакаше да се задржи министерството. Тоа сега ќе биде раководено од новиот премиер Хамадала.

Израел во април ги прекина мировните преговори со Палестинците од протест против приближувањето на Фатах и Хамас. Радикално-исламистичкиот Хамас, кој го оспорува правото на постоење на Израел, од САД и од ЕУ се смета за терористичка организација. Хамас во 2007 година насилно ја презема превласта во Појасот Газа. Оттогаш умерениот Фатах владее само на Западниот брег.

Избори на крајот на годинава

Со пучот се распадна и владата која беше формирана во 2006 година со претставници на Хамас и Фатах. Во април годинава Фатах на умерениот претседател Абас постигна согласност за формирање на преодна влада со Хамас. На крајот на годината би требало да се оддржат избори, кои требаше да се бидат оддржани одамна.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми