1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новата тонска порака на Осама бин Ладен емитувана во интернет веројатно е автентична.

17 декември 2004
Осама бин Ладен на една поранешна видео-снимка
Осама бин Ладен на една поранешна видео-снимкаФотографија: AP/APTN

Според првите испитувања, се чини дека говорникот навистина е водачот на терористичката мрежа Ал каеда, рече американскиот министер за надворешни работи Колин Пауел во Вашингтон. На снимката наводниот бин Ладен ги напаѓа саудиските владетели пожестоко од кога и да е. Индиректно во пораката Осама бин Ладен повикува на напади врз петролејската индустрија во регионот на Персисикиот залив: “Еден од главните мотиви на нашите непријатели да владеат со нашите земји е да ја крадат нашата нафта. Насочете ги сите свои напори да се спречи најголемата кражба во историјата. Спротивставете се на тоа, концентрирајте ги вашите операции на тоа, особено во Ирак и во Заливот” – вели бин Ладен.

Снимката се појави вчера на еден исламски сајт во интернет. За последен пат Осама бин Ладен се јави за збор во октомври.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми