1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нова варијанта на коронавирусот откриена во Франција

Александер Фројнд
5 јануари 2022

Сојот Б.1.640.2 е откриен кај патник кој се враќал од Камерун, тој содржи уште повеќе мутации од Омикрон. Во Израел е регистриран првиот случај на „флурона“ – инфлуенца и корона.

Neues Coronavirus SARS-CoV-2
Фотографија: IMAGE POINT FR/ NIH/NIAID/BSIP/picture alliance

Само што се рашири малку надеж, дека варијантата Омикрон, иако се шири навистина многу брзо, сепак заболувањето протекува поблаго отколку кај Делта, а веќе се појави нова варијанта, за која не знаеме колку е опасна и каде настанала.

Новата варијанта е докажана на почетокот на декември кај француски патник кој се враќал од Камерун, соопшти болницата ИХУ Медитерн од Марсеј, тој инфицирал 12 лица во јужна Франција.

Уште повеќе мутации отколку кај Омикрон

Новата варијанта, наречена Б.1.640.2, покажува 46 мутации во „атипична комбинација“ и со тоа има неколку мутации повеќе од Омикрон, кај кого се детектирани 37, се вели во студија која уште не го поминала филтерот на независна научна проверка.

Според студијата, кај новата варијанта повторно се забележани веќе познатите мутации N501Y и E484K во спајк-протеинот. Мутацијата N501Y на пример е докажана уште многу рано, во варијантата Алфа. Таа предизвикува патогенот полесно да се закачи на човечките клетки и на тој начин полесно да се рашири во телото.

А E484K спаѓа во „заобиколувачките“ мутации, кои директно се вгнездуваат во спајк протеинот и можат да влијаат врз ефикасноста на вакцините против коронавирус.

Не се знае колку е опасна и од каде потекнува

Но, што значат овие мутации и дали новата корона варијанта Б.1.640.2 навистина е позаразна отколку првичниот вирус САРС-Ков-2, не може да се одговори со сигурност по досега расположливите податоци и малиот број на случаи.

Не се знае ништо ни за  потеклото на новата варијанта. Тоа што Б.1.640.2 првпат е откриена кај патник кој се враќал од Камерун, не значи и дека варијантата настанала во оваа централноафриканска земја. 

Меѓутоа, многу ниските квоти на вакцинирани поволно дејствуваат на појава на нови мутации на коронавирусот. Во Камерун стапката на имунизирани, според податоците од Џон Хопкинс Универзитетот во Балтимор, САД, актуелно изнесува 2,4 %.

Сѐ додека имунизацијата конечно не напредува во глобални рамки, ќе се развиваат постојано нови вирусни варијанти, понекогаш понеопасни, но некогаш поопасни. Каде спаѓа новата варијанта, допрва ќе се покаже.

За  варијантата Омикрон  на пример веќе знаеме дека е многу попренослива и брзо се раширува низ светот, но истовремено во најголем дел случаи заблувањето тече во многу поблага, форма, што покажуваат и најнови студии.  Омикрон многу поретко ги напаѓа белите дробови, докажаа научниците од САД и Јапонија во лабораториски испитувања со животни. Тие се поклопуваат со набљудувањата од Велика Британија, каде  Омикрон предизвика експлозивен раст на бројот на новоинфицирани, но истовремено статистички е намален ризикот од хоспитализација за една третина во однос на Делта сојот. А бројот на пациенти кои мора да се приклучуваат на апарати за дишење останува ист, без оглед на поголемиот број заразени. 

Германските болници се полнат - исцрпувачка битка против Ковид-19

02:05

This browser does not support the video element.

Тоа дава надеж, но уште не е знак за опуштање, зашто  високите бројки на инфицирани  се огромен предизвик за преоптоварените здравствени системи, а невакцинираните посебно се изложени на ризик од тешко заболување со Омикрон.

Прв „флурона“ случај во Израел

Во Израел во меѓувреме се појави случај на  двојна инфекција:  31-годишна бремена жена е заразена истовремено со корона и со сезонски вирус на грип. Тоа е првиот таков, „флурона“ регистриран случај во светот, поимот е изведен од англискиот збор за грип, односно инфлуенца = flu и корона.

Трудницата не е вакцинирана и според информациите од Министерството за здравство на Израел, е само лесно заболена. Со оглед на тоа што во Израел во изминатите недели е забележан многу висок број на инфекции со грип, Министерството за здравство го испитува случајот за да утврди дали „флурона“ предизвикува тежок тек на болеста.

Израел оваа зима е соочен со посебно драматичен бран од грип во тешка форма. Според весникот „Тајмс оф Израел“, до крајот на 2021 година речиси 2.000 лица заразени со инфлуенца морале да бидат примени во болница. Здравствените власти стравуваат дека при ваков силен бран на грип, можно е да има и натамошни двојни заболувања.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми