Нова германска влада - во игра и улогата на Берлин во ЕУ?
Кристоф Хаселбах
3 март 2018
Изјаснувањето на членството на СПД за голема коалиција со ЦДУ/ЦСУ, кое ќе биде познато утре, не е важно само од аспект на формирање германска влада. Од него зависи и улогата на Германија во Европа.
Реклама
Европската комисија се подготвува и за најлошо сценарио, изјави нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер минатата недела на една подиумска дебата. Неговата загриженост е предизвикана првенствено од исходот на италијанските парламентарни избори, од можноста нејасните односи на моќта да спречат формирање ефикасна влада. Во тој контекст спомена дури и опасност од турбуленции на финаниските пазари. Подоцна изјави дека бил погрешно разбран. Но, Јункер како причина за својот немир го назначи и партискиот референдум на Социјалдемократската партија на Германија: без согласност на членството на СПД, нема да има голема коалиција, а со тоа привремено ниту нова влада во водечката сила во Европа.
Ангела Меркел е свесна за значењето на идна германска влада и во европски рамки. Во нејзината најнова владина изјава за европолитиката минатата недела, таа истакна: „На Европа ѝ е потребен нов почеток“. Тоа стои дури и во коалицискиот договор - 2018-та е година во која треба да бидат поставени насоките за иднината. Но, изјавата Меркел ја даде во својство на канцеларка на техничка влада. Со тоа, пред вонредниот ЕУ-самит таа иницираше впечаток дека европските партнери очекуваат стабилна германска влада, и еден вид повик до членовите на СПД да поддржат коалиција со партиите на Унијата.
Дали во Брисел ќе избие паника ако не дојде до формирање голема коалиција во Берлин? Секако не, смета Јанис Еманулидис од бриселскиот тинк-тенк Европски политички центар. Но, би дошло до „извесна несигурност, доколку еден од најсилните актери нема влада која е во состојба да учествува во носењето клучни одлуки“. Затоа, во Брисел се надеваат на формирање голема коалиција.
Меркел веќе не е „госпоѓа Европа“
Но, дури и да се создаде влада на голема коалиција, Меркел веќе не може да полага на право на неспорна водечка фигура во Брисел, улога која ја имаше до изборите за Бундестагот. Американскиот магазин „Тајм“ пред неколку години ја нарече „госпоѓа Европа“. По доаѓањето на Доналд Трамп на претседателската функција во САД, некои медиуми на англиски јазик ја стилизираа Меркел дури и како лидерка на целокупниот западен свет. Тоа е веќе минато. На крајот на ланската година, „Тајм“ улогата на „иден европски лидер“ му ја припиша на францускиот претседател Емануел Макрон. Паралелно со драстичната загуба на доверба кај гласачите на партијата на Меркел на парламентарните избори, Макрон излезе со ореол на јасен победник од француските претседателски избори. Додека Макрон приредуваше приеми за „тешките“ претседатели Трамп, Путин и Ердоган, и кај сите одделно покажа сувереност, Меркел половина од ланската година ја помина во сондирачки разговори и коалициони преговори.
Макрон не ѝ го одзеде рангот на Меркел, смета Штефан Зајдендорф, заменик-директор на Германско-францускиот институт во Лудвигсбург, но ги користи сите инструменти на моќта, на пример дипломатијата и војската, за да го истакне француското влијание во Европа и во светот. На европска сцена тој се истакнува со реформски предлози, пледирајќи на пример за заеднички министер за финансии и заеднички буџет на еврозоната, кон што првенствено Унијата во Германија покажува скептичност. Берлин повторно се гледа во дефанзива. Претседателот на германските либерали (ФДП), Кристијан Линднер, изрази критика дека Франција во меѓувреме „го одредува тактот“.
Ангела Меркел, незаменливата
По 16 години поминати како претседател на политичката партија ЦДУ и единаесет години на чело на германската влада, се чини дека ерата на Меркел може да има уште едно продолжение.
Фотографија: Reuters/M. Rehle
Првата заклетва
„Сакам да и служам на Германија“ беше ветувањето на Меркел за време на кампањата за канцелар на земјата. По тесната победа, на 22 ноември 2005 година Меркел даде заклетва и стана првата жена канцелар, но и првиот шеф на влада кој доаѓа од Источна Германија. Таа застана на чело на широка коалиција составена од ЦДУ и СПД.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Bergmann
Кој се плаши од кутрето на Путин?
На дипломатскиот фронт, Меркел мораше да се соочи со моќен противник. Таа е позната поради својата сталоженост и смиреност. Но, Владимир Путин очигледно сакаше да го стави на тест нејзиното трпение за време на приемот во 2007 година. Тој набрзо ја најде нејзината слабост: Меркел се плаши од кучиња.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Astakhov
Фонд за црни денови
Меркел вообичаено е смирена што и помогна за време на кризите. Колабирањето на финансиските пазари во 2008 година предизвика проблеми за германската економија. Поради тоа, Меркел презеде акција. Таа беше инволвирана во планирањето на фондовите за спас на еврозоната. На крајот, германската економија се извлече речиси без последици, но мерките за штедење најмногу ги почувствуваа Грците и Шпанците.
Фотографија: picture-alliance/epa/H. Villalobos
Втор мандат
Иако резултатот на ЦДУ/ЦСУ на парламентарните избори во 2009 година беше вториот најслаб резултат за партијата во повоениот период, тоа сепак беше победа за Меркел. По широката коалиција со социјалдемократите во претходниот мандат, овој пат Меркел можеше да состави влада со посакуваниот партнер - про бизнис либералите од ФПД.
Фотографија: Getty Images/A. Rentz
Брзо исклучување
Иако по професија е физичар, инцидентот во Фукушима во 2011 година ја претвори Меркел од поддржувач - во силен противник на нуклеарната енергија. Веќе одобрените планови за продолжување на работниот век на германските нуклеарни централи беа откажани и спротивно на нејзините предизборни заложби, Германија наскоро го сопре производството на нуклеарна енергија.
Фотографија: Getty Images/G. Bergmann
„Првиот маж“ на Германија
Дали некој го препознава? Го чул неговиот глас? За време на десетгодишното владеење на Меркел, нејзиниот сопруг Јоахим Зауер, остана незабележан. Професорот по хемија на универзитот Хумболдт во Берлин стапи во брак со Меркел во 1998 година. Тој секогаш останува во позадината кога неговата сопруга е во официјални посети, но во нивниот приватен живот се чини дека е обратно.
Фотографија: picture alliance/Infophoto
Пријателство ставено на тест
Објавувањето на информациите дека блискиот сојузник САД ги пресретнува телефонските разговори на врвните германски политичари отвори голема афера пред меѓународната јавност. Ниту мобилниот телефон на Меркел не бил безбеден од тајните служби на САД. Аферата предизвика проблеми во домашната и меѓународната политика на Меркел.
Фотографија: Reuters/F. Bensch
Грчкиот пациент
Меркел има обожаватели низ целиот свет, но во Грција нивниот број е значително помал. На ниту едно друго место во светот Меркел не била толку демонизирана како што беше во Грција за време на должничката криза во еврозоната. Старите анимозитети беа повторно нагласени по барањата на канцеларката за штедење, економски реформи и кратење на трошењата од властите во Атина.
Фотографија: picture-alliance/epa/S. Pantzartzi
Емотивна, барем еднаш
Иако е воздржана и позната по минималните гестови и изрази на лицето, Меркел не можеше да се воздржи за време на финалето на Светското првенство во фудбал во Рио кога заедно со германскиот претседател го бодреа националниот тим. Во тој период Меркел беше на врвот на својата популарност, исто како и германската репрезентација, со која заедно влијаеа на градењето на меѓународниот имиџ на Германија.
Фотографија: imago/Action Pictures
Ние можеме да го направиме тоа, зарем не?
Кога стотици илјади бегалци пристигнаа во Германија канцеларката изјави дека законот за азил нема лимит. „Ние можеме да го направиме тоа!“ беше мотото на Меркел за време на бегалската криза. Таа тврдеше дека има план. Но, во меѓувреме многумина Германци се прашуваат дали навистина „можеме да го направиме тоа?“
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe
Што е следно?
По терористичките напади во Париз на 13 ноември минатата година Франција објави вонредна состојба. Ангела Меркел на соседите им понуди „целосна поддршка“. Сепак, стравот од тероризам беше сеприсутен. Без сомнеж, Меркел беше соочена со најголемиот предизвик во нејзиното владеење токму на десетгодишнината од нејзиното стапување на функцијата...
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka
Критични сојузници
На партискиот конгрес на ЦСУ во ноември 2015 година канцеларката беше критикувана од баварските сојузници. Хорст Зехофер ја обвини Меркел дека загубила контрола над границите со нејзината политика кон бегалците. Тоа беше понижување кое мораше да го истрпи стоејќи без можност да возврати на обвинувањата.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Hoppe
Зарем не може да остане подолго?
Меркел би сакала трет мандат за Барак Обама, иако скандалот со прислушувањето од страна на НСА беше причина за резервираност од нејзина страна. Сепак, Обама ја напушта политичката сцена и му го отстапува местото на Доналд Трамп. Весникот „Њујорк Тајмс“ ја нарече Меркел „последниот чувар на либералниот Запад“.
Според Јанис Еманулидис, во случај Меркел повторно да биде канцелар на голема коалиција, „таа и во иднина ќе има силна водечка улога.“ Значајната улога на Германија е непроменета. „Истовремено, постои и посилен баланс помеѓу земјите-членки“, дополнува Еманулидис. Првенствено односот меѓу Германија и Франција денес е „поурамнотежен отколку пред неколку години.“ Покрај подемот на улогата на Франција со Макрон на чело, кон тоа придонесе во помала мерка и долгото сондирање и коалициските преговори во Германија. „Берлин ја нема истата сила како порано“, истакнува експертот. Тоа се должи и на слабеењето на еврокризата и појавата на нови предизвици, кои доведоа до тоа тежината на Германија денес да не е иста со претходната. Од европска перспектива, тоа меѓутоа е „добра вест“, зашто овозможува полесно спроведување на заеднички реформи.
Тесен временски простор
Лоша вест напротив е расцепот во Европа, денес веројатно подлабок од кога било досега. Вишеградските држави од централноисточна Европа не се подготвени на никакви отстапки, посебно во бегалската политика, на кои постојано ги повикуваше во прв план Меркел. Следната голема кавга е програмирана во врска со ЕУ-буџетот. Германија веќе понуди да преземе дел од плаќањата кои ќе отпаднат со напуштањето на Велика Британија на ЕУ. Во Германија почнаа да ја критикуваат за распродажба на земјата. Шефот на ФДП, Линднер изјави: „Со тоа ја слабеете германската преговарачка позиција.“ Шефицата на пратеничката група на АфД во Бундестагот, Алис Вајдел, префрли дека за канцеларката „поголема одговорност за Европа“ значи давање повеќе пари и откажување од суверенитетот.
Апропо АфД: Во Европскиот парламент уште сега десничарските популисти се застапени со 20 проценти. Умерените партии стравуваат дека на следните европски избори во мај 2019. година десничарите ќе се намножат. Дотогаш ЕК и владите сакаат на граѓаните да им понудат конкретни решенија за нивните проблеми, за да ја елиминираат причината тие да гласаат за десничарските партии. Рокот е прилично мал. Ако членовите на СПД се изјаснат против голема коалиција и во Германија се одржат нови избори, ќе помине уште половина година, во која најважната земја во Европа нема да може да ја врши својата улога на креатор. Потоа речиси не останува време за конкретно делување.